1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Со фер избори чекор поблиску до ЕУ

Државниот секретар во германското МНР, Гернот Ерлер во Скопје порача дека за евроинтеграцијата на Македонија важно е изборите да поминат во фер и демократска атмосфера. Tој предупреди од скептицизам во ЕУ за проширување.

default

Германскиот дипломат Ерлер се сретна со шефот на македонската дипломатија Милошоски

Претстојните избори се клучни за процесот за евроинтеграција на Македонија, изјави во Скопје државниот министер во германското Министерство за надворешни работи Гернот Ерлер. Според него, Македонија има постигнато значаен напредок на овој план, и иако претстои уште работа, во овој момент е битно изборите да поминат во фер и демократска атмосфера. Во врска со очекувањето на Македонија да добие датум за преговори, Ерлер истакна дека треба да се има предвид атмосферата која владее во Европа и скепсата во врска со процесот на проширување на ЕУнијата.

„Германија би сакала да развие еден целосен возен ред за сите земји кои аплицирале за членство или очекуваат прием во ЕУ. Знаеме дека Македонија има право да бара датум и јасни искази во врска со отпочнувањето на преговорите, меѓутоа треба да преовладее разумот и да не се биде нестрплив“, рече Ерлер.

Потребен е компромис во спорот со Грција

Mazedonien Wahlen 3

Важно е изборите во Македонија да бидат мирни, фер и демократски

Германскиот дипломат Ерлер изрази надеж и дека преговорите во спорот со Грција ќе се интензивираат и ќе биде изнајден компромис, со што ќе се надмине пречката кон членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

„Јас не разговарам само со македонските политичари, туку и со грчките. Посредување во моментов од страна на Германија не е можно, но е подготвена да помогне да се изнајде решение. Мој совет е да се размислува за релаксирање на целата атмосфера и да се размислува за компромисно решение“, одговори Ерлер на прашањето, дали Германија би се согласила Европската унија да посредува во спорот за името меѓу Македонија и Грција, како во случајот со словенечко-хрватскиот спор.

Во однос на визната либерализација Ерлер истакна дека Македонија е понапред од другите земји во регионот во однос на исполнувањето на условите за укинување на визите. Германија, додаде тој, ја посакува визната либерализација и се надева на позитивен извештај од Европската комисија во април, по што, како што вели, треба да следат нови одлуки.

Ерлер инаку имаше средба со престедателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министрите за надворешни работи и за евроинтеграции, Антонио Милошоски и Ивица Боцевски.