1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Со умерен оптимизам

Германската канцеларка Ангела Меркел престојува на блискоисточна мировна турнеја во обид за заживување на мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците .

Меркел ја прима почесната докторска титула во Ерусалим

Меркел ја прима почесната докторска титула во Ерусалим

Утрината се одвиваше церемонијалниот дел од посетата на Меркел на Израел. Свечено и беше врачена докторска титула на универзитетот во Ерусалим , а го посети и меморијалот на жртвите од Холокаустот Јад Вашем . Германската канцеларка веќе имаше неформални средби со премиерот Ехуд Олмерт и министерот за надворешни работи Ципи Ливни а официјално за мировниот процес со Олмерт ќе зборува во текот на денов , а треба да се сретне и со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Таа вчера во Јордан на средбата со кралот Абдула изрази умерен оптимизам за мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците

Германската канцеларка Ангела Меркел од Јордан ја опомена новата палестинска влада на национално единство да ги прифати условите на меѓународниот мировен квартет за Блискиот Исток . Подршка ќе добијат само оние , кои навистина сакаат мировен процес- изјави Меркел по средбата со јорданскиот крал Абдула во местото Акаба на црвеното Море :

“Се додека тоа не е случај , ние можеме да ги подржиме само силите , кои се чуствуваат обврзани од критериумите на Мировниот квартет ”- истакна Меркел во Аакаба , која беше прва станица на нејзината блискоисточна турнеја

Најновата иницијатива на Арапската лига Меркел , Меркел повторно ја означи како камен темелник во воспоставувањето на процесот на стабилизација и помирување . Меркел смета дека е возможно запирање на насилствата меѓу Израел и Палестинците :

“ Важно е дека ние не смееме да ја изгубиме од пред очи оваа цел , дури и кога знаеме дека многу , многу мали чекори ќе мора да бидат направени дотогаш. И секако би било добро , кога сите одговорно политички сили ги прифатат неопходните критериуми за тоа”

Кралот Абдула пак истакна дека луѓето во регионот копнеат за мир и безбедност . Меркел и Абдула беа единствени за сите прашања . Тие настојуваа да ја истакнат сериозноста на состојбата на Блискиот Исток и да го придушат претераниот оптимизам.