1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Со транспарентност против корупцијата меѓу пратениците во ЈИЕ

Колку смеат пратениците да заработат од дополнителни активности и со што дополнително смеат да се бават? Каде завршува нивната независност и каде започнува конфликтот на интереси? Тоа е значајно за борба со корупцијата.

Тој никогаш не сакал да влезе во политиката. Мирчеа Диакону, еден од најпознатите и најомилени романски актери, сепак го направи спротивното. Како пратеник сакал да направи повеќе отколку што можел кога бил во театарот. Една работа на која не помислил е дека ноговата функција како директор на театарот „Нотара“ е неспоива со неговиот пратенички мандат. Според закон, избраните функционери смеат да се занимаваат со активности на универзитети или во културни институции, но не смеат да бидат на раководни функции. Затоа, Вишиот суд донесе пресуда дека Диакону мора да замине од една од функциите. Актерот без да сака се најде во улога која не ја одбрал – како врска во долготрајниот конфликт меѓу правосудството и политиката во Романија. Парламентот ја игнорираше судската пресуда и одлучи дека Мирчеа Диакону смее да ги задржи двете функции. Сепак, тој не сакаше да продолжи да ја игра таа улога и замина од политиката.

Овој случај само ги покажа слабостите на романското законодавство. На пример, пратениците со диплома од правен факултет можат истовремено да работат и како адвокати, ако нивните клиенти не се поврзани со случај на корупција, шверц на луѓе и дрога или, пак, не ја загрозуваат националната безбедност. Ваквото ограничување е со цел борба со корупцијата, бидејќи Романија е на 69-то место на листата на Транспаренси интернешнал.

Schatten Mann Sillhouette Symbolbild

Во некои земји од Југоисточна Европа е дозволено истовремено занивамање и со дополнителна активност, покрај извршувањето на пратеничкиот мандат

Со високи плати против корупција

Само неколку места од Романија ги делат и Бугарија и Полска. Таму високите плати на пратениците треба да бидат поттик да се запре корупцијата. Таму како основна плата пратениците добиваат три просечни плати. Се добиваат пари и за персоналот, канцеларијата, трошоците за патување и сместување. Во полскиот Сејм пратеникот добива месечно по околу 6.000 евра, додека во земјата просечна плата е околу 800 евра.

Сепак, пратениците во Бугарија заработуваат помалку, односно 1.500 евра месечно, а просечната плата во земјата е 325 евра. Докторите, адвокатите и актерите смеат и по изборот да продолжат со својата работа. Ова од законодавецот не се толкува како конфликт на интереси.

И во Грција пратениците смеат да имаат дополнителна работа, иако тоа не беше секогаш така дозволено. Со уставната реформа во 2001-ва година беше забрането пратениците за време на мандатот да се занимаваат со својата професија, но набрзо стана јасно дека тоа го намалува квалитетот на политичките лидери, па со амандмани во 2006-та година се промени таквата забрана. Тие сепак се обврзани секоја година, освен даночната пријава, да достават и „Изјава за финансиските интереси“ до Врховниот суд во земјата.

Bulgarien will um EU-Vertrauen kämpfen

Платата на бугарските пратеници е 1.500 евра

Длабока корупција

Стриктната контрола на пратениците и транспарентноста во нивните дополнителни активности можат да бидат само првиот чекор во борбата против корупцијата и непотизмот.

Ваков беше случајот и во Хрватска. Таму веќе платите на пратениците и нивните дополнителни активности се во линија со европските стандарди. Сепак, не може да се заборави копрупцискиот случај на поранешниот премиер Иво Санадер.

И во Србија еден политичар е осомничен за корупција. Велимир Илиќ, министерот за градежништво и урбанизам во српската влада, пријави 22 станови, куќи и земјишта, кои наводно се наследени.