1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Со срце и идеја во полуфинале

Вчера вечер се одржа првиот натпревар на ЕУРО 2012-та, кој по 120 минути заврши без голови, а на кој победникот се реши со пенали. Италијанските фудбалери беа поконцентрирани и го победија тимот од Англија со 4:2.

Селекторот на Италија Чезаре Прандели, по пеналите против Англија во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство, рече дека е задоволен со своите фудбалери, кои го контролирале мечот и не дозволиле противникот да ги загрози со контранапади. Тој истакна дека неговата екипа се обидувала да победи во регуларниот дел од мечот.

„Игравме со срце, но и со идеја. Одигравме одличен со противник против кого е тешко да се развие игра. Мислам дека играчите беа извонредни“, изјави Прандели додавајќи:

„Ние направивме се што можевме, а на крајот кога ни беше потребна среќата, повторно бевме добри. Се обидувавме да играме фудбал, подготвивме голем број на можности за постигнување гол и требаше порано да ја обезбедиме победата. Во пенал рулетот може се’ да се случи, но мислам дека апсолутно заслуживме да минеме во полуфиналето“.

UEFA EURO 2012 Viertelfinale England vs Italien Trainer Prandelli

Чезаре Прандели, селектор на италијанската фудбалска репрезентација

Селекторот на англиската репрезентација Рој Хаџсон по поразот од Италија на пенали и елиминацијата од ЕУРО 2012-та рече дека неговите фудбалери дале се’ од себе и оти е задоволен како го одиграле четвртфиналниот меч.

Серијата пенали со гол за „азурите“ ја отвори Марио Балотели, потоа капитенот на англичаните Стивен Џерард изедначи на 1:1. Рикардо Монтоливо шутираше крај голот, а Вејн Руни и’ донесе водство на Англија од 2:1. Италија изедначи на 2:2 преку Андреа Прило, а потоа следуваа лошите моменти за Англија. Најпрвин Ешли Јанг ја погоди пречката, Антонио Ночерино повторно и’ донесе водство на Италија од 3:2, а ударот на Ешли Кол, Џанлуиџи Буфон го одбрани. Победата на Италија и’ ја донесе резервистот Алесандро Дијаманти.

UEFA EURO 2012 Viertelfinale England vs Italien

Англија го загуби мечот со Италија на пенали со 4:2

Италијанците беа поблиску до победата кога во продолжението во 115-тата минута, на асистенција на Дијаманти, Ночерино постигна, но поради офсајд позиција голот беше поништен.

Италија за пласман во големото финале на Европското првенство, каде последен пат играше во 2000-та година, ќе игра против Германија. Натпреварот е на 28-ми јуни, а ден претходно во првото полуфинале ќе играат Португалија и Шпанија.