1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Со „Скопското оро“ Трпчески ги стопи германските души!

Симон Трпчески синоќа го имаше треттиот настап во Берлин, но прв во Филхармонијата, каде по изведбата на Концертот за клавир и Оркестар бр. 3 на Прокофјев, на бис со „Скопското оро“ ја разгали и целосно освои публиката

Берлинската филхармонија синоќа беше во знакот на Македонија. Не само поради бројната македонска публика која не ја пропушти можноста во живо да го слушне македонскиот национален уметник - пијанистот Симон Трпчески, туку пред се’ и поради извонредната обработака и уште подобрата изведба на „Скоското оро“ кое беше изведено на бис. Ова дело кое Трпчески го изведе во придружба на виолончело и виолина, во вистинска смисла на зборот ги запали сладокусците на класиката кои претходно половина час смирено и занесено го ислушаа Трпчески кој заедно со Радио синфонискиот оркестар Берлин под диригентската палка на Василиј Петренко го изведоа Концертот за Клавир и Оркестар бр. 3 на Сергеј Прокофјев.
„Без разлиика што доаѓаме од една мала земја како Македонија, која нема голема традиција во класичната музика, ние имаме предност зашто имаме потенцијал на еден поинаков, класичен начин да ја разработиме и да ја претставиме македонската народна музика. Затоа сум многу среќен што не само во Германија, туку воопшто на повеќе места во светот, имав можност да изведам неколу композиции пренесувајќи ја македонската музика надвор од границите на земјата. До сега ги претставив Прелудиум и Пајдушка на Живојин Глишич, пото Песни и шепоти - свита што ја напиша Панде Шахов и која содржи обработки на четири макеоднски песни, а Берлинчани ја слушнаа и обработката на „Скопско оро“ на Дамир Имери. Неговото дело Концерт за пијано кое го напиша токму за мене и вочија основа се македонските фоклорни теми, ќе ја има светска премиер на 22 декември во Прага“, кажува за ДВ Симон Трпчески .

Pianist Simon Trpceski in Berlin Deutschland

Симон е задоволен што свири со светски познати оркестри, но и од приватниот семеен живот во кој „шефува“ ќерката Лара.


Синоќешниот концерт во Берлинската Фиулхармонија беше трето претставување на Трпчески по настапите во 2005 и 2010 година во Концерт хаус. За овие 8 години, како вели Трпчески - задоволен е што неговата професионална кариера се развива во нагорна линија. Свирел со најпознатите светски оркестри. Не само во Европа и Северна Америка – (Њујоршка филхармонија, оркестрите на Кливеланд, Чикаго), туку и пред публиката во Јапонија, Кина, Малезија, Нов Зеланд, Јужна Америка. Од овој септември до крајот на годинава има 27 концерти, а истот толку и во првата половина од 2014. Покрај концертите објавил и неколку п ЦД, а во 2014 ке биде завршено уште едно со музика на Кочо Петровски, обработени токму за Симон од неговиот колега Дамир Имери. И на приватен план му се случиле убави нешта и секако врвот е раѓањето на неговата ќеркичка Лара, која како шеговито констатира е најголем шеф во семејството.

Позитивни реакции


Концертот за клавир и оркестар бр. 3 на Сергеј Прокофјев, Трпчески синоќа го отсвири во еден здив - темпераментно, емотивно, прецизно, или како велат познавачите – виртуозно.
„Прокофјев и конретно Концертот број 3 е дело кое на репертоарот го имаат врвни пијанисти. Оние кои првпат го слушаат ќе бидат можеби изненадени од пресвртите. Не станува збор за „слатка“ музика која се потпевнува. Добрите познавачи на класиката овој концер не ги остава рамнодушни. Или нема да можат да го смислат или ќе се вљубат во него - до смрт. Јас сум една од оние вторите. Го сакам. Децении наназад ја сметав за извонредна изведбата на аргентиската пијанистка Марта Аргерих. Потоа со Берлинските филхармоничари и сер Сајмон Ретл, истото дело го изведе Ланг Ланг кој е величенствен! Пред три години првпат го слушнав Трпчевски со Рахмањинов. Ми се допадна и бев многу љубопитна како овој уметник кој има одлични критики од настапите со врвни оркестри, а доаѓа од една мала земја, ќе се справи со ова тешко дело на Прокофијев. И можам да кажам дека не дојдов попусто. Навистина Трпчески е брилијантен. Колку што е емоционален, исто толку е беспрекорно прецизен со виртуозна техника од која човек се ежи. Го води оркестарот. Жесток е каде е потребно, нежен кога налага партитурата“, е коментарот на Марта Шмит, професорка по музика и познавач на класиката.
„Прекрасен уметник. Извонреден концерт. Имав чувство дека на моменти со пијанистот и музиката ќе полетам и јас од галеријата. Но, искрено очекував дека ќе се бара карта повече, а не дека ќе има и празни столици што не е мотивирачки кога некој е на сцената. Веројатно вљубениците на класиката пропуштиле да ги прочитаат критиките од Лос Анџелес Тајмс од минатиот месец за изведбата на Прокофјев на Трпчески,а со тоа и можноста во Филхармонијата да слушнат еден уметник од светски калибар“, е кусиот коментар на Мартин Бренер,слободен автор и уметник.

Simon Trpceski Flash-Galerie

Во март 2010 Симон Трпчески по втор пат свиреше во Концертхаус во Берлин


„ Концертот на Прокофјев беше отсвирен со голема леснотија . Беспрекорно! Но, вистински ме воодушеви делото со народна тема кое Трпчески го отсвири на „бис“ и кое навистина покажува дека толку малку знаеме за убавината на фолклорот и воопшто за животот на Македонија и Балканот “, забележа студентката Мелиса Риш.

Уметниците допираат каде не можат политичарите!

Оваа сезона покрај Прокофјев и обработките на македонската народна музика во класични теми, Трпчески го свири Лист, Дворжак, Шостакович. Во јануари 2014 стартува со Чајковски, а ќе рабти и камерна музика зашто пред него покрај настапите со германската виолинистката Јулија Фишер, му престои и северноамерикаската турнеса со челистот Даниел Милер-Шот. Разновидната програма според Трпчески секако дека бара поголем ангажман зашто уметникот треба да е кадарен во краток рок да подготви се' она што од него бараат промоторите. Но, тоа како вели за него не е проблем туку предизвик, зашто монотоно би било да свират едни те исти дела.
Го прашуваме Трпчески: дали титулата национален уметник на Македонија го променил и односот на публиката кон него?
„Светот ме почитува прво како уметник зашто чувствува што правам, како се однесувам кон својот инструмент и кон уметноста. Сметам дека титулите што уметниците ги носат се можеби уште една причина за почит во моментот кога публиката кога ќе прочита во програма или весник за кого станува збор. Титулата национален уметник секако дека е од исклучително значење, како гест и потврда дека државата ги перцепира нештата кои уметниците ги прават, и тоа не само за себе, туку автоматски и за земјата од каде доаѓаат. Ова е особено важно за држава како Македонија која е мала по територија, голема по историјата и богата со уметници. Конкретно е докажано дека уметноста нема граници и уметниците имаат можност да допрат секаде онаму каде политичарите не можат и никогаш нема да можат“, коментира Трпчески кој признава дека музиката за него живот или како шеговито вели „животот му е музика“ и е човек кој ја сака народната, класичната и поп музиката.
„Отворен сум за најразлични стилови и вкусови и нормално е што е така. Јас сум музичар, а пред се' човек кој учи од се’ и тоа е мојата духовна храна. Од овој аспект се чувствувам многу исполнет. Би кажал само дека е жално што во еден живот нема толку време за да се направи се’ она што човек ќе посака. Меѓутоа и не треба толку многу да се бара од животот – доволно е да сме здрави и живи, и да го работиме она што го сакаме“, вели во разговор за ДВ Симон Трпчески.
Синоќешниот концер на Симон Трпчески со Радио симфонискиот оркестар Берлин беше директно пренесен и до слушателите на “Deutschlandradio Kultur”.