1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Со сенф и лак за нокти до повеќе пари за фудбалските клубови

Производите за навивачите на клубовите во Бундеслигата им донесоа 170 милиони евра. Понудата е широка од бебешки шпилхозни до сенф. За женските навивачи има бикини и лак за нокти.

Со промет од речиси 2,1 милијарди евра фудбалската Бундеслига постигна нов рекорд. Само продажбата на билети донесе 440 милиони евра во касите на клубовите. За својот омилен клуб вистинскиот приврзеник ќе брцне уште подлабоко во џебот. Такап со фан артикли се искачи на 170 милиони евра.

Шал за 30 евра или банјарка во боите на омилениот клуб за 120 евра - клубовите во Бундеслигата на своите приврзеници им нудат широк сортимент производи. Со преку 57 милиони евра обрт новиот германски првак Бајерн Минхен води на листата на продажба на фан производи. Меѓутоа и Борусија Дортмунд, која претходните две години беше германски првак значително ја подобри продажбата. Овој клуб, кој годинава се пласираше во финалето на Лигата на шампионите и на 25. мај во Лондон ќе ги одмери силите со Бајерн Минхен во меѓувреме има обрт од 30 милиони евра од продажба на производи за навивачите. Десет милиони повеќе од мината година, пресметува маркетинг директорот Карстен Крамер. „Добивката е во двоцифрен износ“.

Дресот омилен производ

Борусија Дортмунд во понудата има речиси 1.000 артикли. Од бебешки шпилхозни до постелнина. Најпродаван производ сепак е црно-жолтиот дрес, повеќе од 300.000 дресови по цена од 75 евра беа продадени годинава. Актуелните дресови имено се омилени кај поддржувачите на клубовите. Некои од навивачите купуват и по два дреса, едниот за натпреварите кои се играат на домашен терен, а еден кога се игра на гости. 

Bundesliga 2013 Fußball München Fans

Навивачи на Бајерн Минхен

Јан Виске, професор по маркетинг на Универзитетот во Бохум оценува: „Од научна перспектива не зачудува, што луѓето се подготвени да дадат многу пари за тоа. Бидејќи тоа е симбол за припадност кон еден клуб. А тоа има висока вредност“. И фановите се подготвени да платат.

Логото на клубот на тост-лепче

Фановите на Борусија, надвор од стадионот, можат да се препознаат на пример по тостер кој чини 30 евра. Производ кој многу добро се продава. Овој црно-жолто лакиран апарат, според зборовите на директорот за маркетинг Крамер, едноставно има поголема вредност - таа се состои во тоа што тостерот го отцртува логото на клубот на белото тост-лепче.

Со тоа оди соодветно чавче за јајца, чаши за кафе и здела за домашните миленичиња. Со оглед на тоа дека кога се гледа фудбал се пие пиво и се јадат колбаси, Борусија Дортмунд во својата програма артикли воведе и сенф и тоа со повеќе вкусови: благ, лут и сенф со ликер од јајца. „Верувале или не, тој се продава и се чини дека е вкусен“, вели Карстен Крамер.

Жените доаѓаат на сцена

Symbolbild schwarze Fingernägel

И ноктите се мачкаат во боите на клубовите

Многу клубови во Бундеслигата во меѓувреме ги открија и жените како целна група. Впрочем во рок од само неколку години бројот на женски навивачи на стадионите се удвои на околу 14 милиони посетителки. Затоа асортиманот на Шалке нуди лак за нокти во сина боја, иста како бојата на клубот, додека Бајерн Минхен за женската клиентела креираше црвени триангл-бикини. Впрочем 26 проценти од артиклите за навивачите ги купуваат жени.

Производите за фудбалските фанови веќе одамна не се само „машка работа“, потврдува и менаџерот на Борусија Дортмунд Карстен Крамер. Врз основа на бројките од продажбата во Борусија Дортмунд препознаа дека одредени групи имаат потреба од нови навивачки артикли. На пример приновата во семејството. Затоа за наредната сезона Борусија Дортмунд во асортиманот внесува црно-жолто коњче-лулашка за деца до три години. Притоа коњче-лулашка не е сосема точен израз. Децата фанови на Борусија Дортмунд ќе се лулаат на пчеличката „Ема“, маскотата на клубот.

Експертот за маркетинг Јан Виске оценува дека клубовите во Бундеслигата имаат истенчено чувство за пласирање на своите производи, бидејќи им успеало „да допрат до различни целни групи меѓу навивачите“. Тврдокорните навивачи со капчиња и шалови и децентните клиенти со модерни свилени кравати и манжетни, кои ги кити логото на клубот. Во принцип нема нешто, од што клубовите на Бундеслигата неможат да направат бизнис.