1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Со ритуалите на Маите против промена на климата

На југот на Мексико земјоделците се’ повеќе ја чувствуваат промената на климата. Жетвите се се’ полоши. Старите ритуали на Mаите сега треба да донесат богати жетви.

Силата на огнот и молитви до боговите - поглаварот Хуан Пол верува во влијанието на Матанот, стар ритуал на Маите. Семејството го практикува култот веќе со генерации и од година во година се’ посилно се врзува за старите обичаи. Жетвите стануваат полоши...

„Минуваме низ криза, оти Господ ги казни луѓето со промената на климата, и дождот изостанува“, вели земјоделецот Мануел А. Пол.

Ритуалите се само еден дел. Интензивната нега на растенија се друг дел. Цврстата земја речиси и да не може да се ора и редовно мора да се чисти со голи раце, оти обраснува поради дождовната шума. Поглаварот Пол истакнува:

„Од мојата 15. година одам на поле, оти татко ми ми покажа како се садат растенијата. Пченка, на пример, зрнести растенија, или тикви. Затоа можам да го прехранам семејството и не морам да одам на друго место за да барам работа."

Дождот годинава одвај стигна на време за да ја спаси жетвата. Семејството може да се прехрани, но ништо повеќе. Локалните власти во Кумпон, во сојузната држава Квинтана Ро, се запознати со проблемите на земјоделците. Контактот постои, но конкретна помош може да пружи само државата, а таа не го прави тоа. „Ќе биде потребно долго време, додека владата преземе мерки за да се подобрат животните услови на овие луѓе“, вели Рене Круз претставник на регионалната влада.

100 километри на север: пазарот во Ваљадолид. Се’ што трговците продаваат, потекнува од околината. Овде жетвите беа значително подобри отколку на југот на полустровот Јукатан. Пазарот е омилено место за посета на туристите. И тие се добредојдени кај населението, оти трговците се борат за својата егзистенција. Нив климата не ги загрижува толку многу. Трговецот со зеленчук Марија Кантум подвлекува: „Не‘ загрижува тоа што овде доаѓаат големи супермаркети и нудат поволни цени. Со тие цени не можеме да држиме чекор, едноставно не можеме толку да насееме на нашите полиња. Исто така, немаме ни доволно пари да го купиме она што самите не можеме да го насадиме“.

Туристи и супермаркети на семејството на поглаварот Хуан Пол му се познати само од прекажувања. Тие и во иднина ќе ги молат Боговите да им испратат дожд и богати жетви.

Автор: Петер Возни / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!