1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Со промените на уставот Кина ги штити приватната сопственост и човековите права!


За прв пат од комунистичката револуција пред половина век, Кина со својот устав и' дава заштита на приватната сопственост прогласувајќи ја за неповредлива. Народниот конгрес на завршетокот на годинашното пленарно заседание со далекусежните промени на уставот и' придаде значење на улогата на приватните претприемачи. Истовремено, со тоа уставот е усогласен со развојот кон пазарно стопанство. Со промените теоријата на поранешниот шеф на државата и на партијата Џијанг Цемин за "три претставништва" е крената на исто рамниште со идеите на револуционерот Мао це Тунг и на архитектот на економските реформи Денг Хсиаопинг. Во статутот на Комунистичката партија уште порано беше внесено ветувањето дека партијата посилно ќе го репрезентира приватниот сектор и во своите редови ќе прима во членство и претприемачи. Народниот конгрес внесе во уставот и пасаж дека државата "ќе ги почитува и гарантира" човековите права. Во овој потег домашни и странски поборници за човекови и граѓански права, меѓутоа, гледаат само симболичен акт, кој одвај да остава надеж за промени во практиката. Конгресот го усвои и буџетот кој предвидува зголемени воени трошоци, но и засилена поддршка за земјоделските региони. Подобрувањето на животниот стандард на земјоделците премиерот Џијабао го прогласи за една од најважните цели на владата. За годинава е планиран "поурамнотежен" стопанскиот пораст од 7 проценти, наспроти минатогодишните 9,1 насто. Премиерот доби изненадувачки висока поддршка за својата програма.