1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Со позајмување работници до излез од кризата

Во економски тешки времиња мора да се штеди - и пари, но и кај персоналот. За да избегнат отпуштања од работа, група претпријатија од пластичарска дејност во Германија дојдоа на необична, но многу рационална идеја.

default

Фирмата „Хенце“ е дел од Интересната заедница

Принципот е едноставен: кој има премалку нарачки, може да ги понуди своите соработници кај претпријатијата кои имаат повеќе работа. Интересната заедница на пластичари опфаќа 27 мали и средни претптпријатија со вкупно околу 600 вработени и годишен приход од околу 100 милиони евра.

Работнички пул како решение

Како функционира во практика, објаснува Волфганг Фестер, раководител на фирмата „Хенце“ од Тројсдорф кај Бон. „Ние се запознавме и се поврзавме меѓусебе, па повеќе се одвива неформално - креваш телефон и велиш ’имам премалку или премногу работа, можеш ли да ми помогнеш да преземеш или да ми позајмиш работници‘. Исто така постапуваме и во работничкиот пул“.

Auszubildende Henze

Неопходна е квалитетна обука на персоналот

Пулот, пак, го формираа седум од претпријатијата од Интересната заедница на пластичарите. Тој ги презема работниците што некое од претпријатијата мора да ги отпушти од работа. „Втората варијанта е работникот да остане вработен во претпријатието, но со посрество на пулот може да биде ангажиран и кај други претпријатија“, вели Ханјц Палкоска, раководител на пулот, кој на работниците им овозможува и натамошно доквалификување.

Здружени се посилни

На сличен начин, здружено, се врши и обука на ученици за стопанството. „Во професијава сум 20 години, но секој ден учам нешто ново, запознав нови колеги, од кои усвоив по нешто и се

Kunststoffrohr für die Abwassertechnik

Пластична цевка

надевам дека понатаму учениците ќе преземат по нешто од мене. Ова ми отвори сосема нови перспективи за животот и работата“, вели работникот Дарио Радиќ.

А Томас Мајер, раководител на фирмата „Кубатец“ укажува на уште еден момент: „Меѓу нас во Интересната заедница си правиме размена-кој има премногу работа им префрлува дел од ангажманот на недоволно оптоварените претпријатија. Така и ја протуркавме годината“.

Оваа ќе биде подобра за пластичарите, кои и без тоа, здружени се посилни!

Автор: Моника Ломилер/Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска