1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Со „осмиот играч“ - публиката, до успех на ЕП во Србија

Македонската машка ракометна репрезентација против селекцијата на Шведска ги стартува настапите на Европското првенство во Србија. На ЕП 2012 учествуваат шеснаесет европски селекции.

default

Ракометарите на Македонија со оптимизам заминаа на ЕП 2012 во Србија

Првата фаза од ЕП во групата Б, македонските ракометари ќе ја одиграат во Ниш. Во оваа фаза освен со Шведска ќе се сретнат и со репрезентацијата на Германија во вторник, а в четврток со чешката екипа.

Понатамошен пласман обезбедуваат првите три екипи од групата, а доколку Македонија се пласира во вториот круг, ќе игра со селекциите од групата А, каде се Србија, Полска, Данска и Словачка.

Petar Angelov

Голманот Петар Ангелов

Избраниците на селекторот на македонската репрезентација Ѕвонко Шундовски пред заминувањето во Ниш изјавија дека се максимално подготвени и мотивирани за стартот на големото натпреварување.

„Ние на теренот ќе бидеме седум играчи, но ќе ни биде потребна помош и од трибините. Нашите навивачи ќе бидат нашиот осми играч. За да ја победиме Шведска ќе мора да играме сите 16 играчи максимално добро. Ние мора да ја играме нашата игра, но ќе треба да внимаваме и на Ким Андерсон. Тој е нивниот најдобар играч“, изјави Петар Ангелов, голманот на македонската репрезентација во пресрет на првиот меч на ЕП.

Handball EM der Damen in Mazedonien

Во Ниш се очекуваат повеќе од 4.000 македонски навивачи

На трибините во салата „Чаир“ во Ниш се очекува повеќе од 4.000 македонски навивачи да ја бодрат селекцијата на Македонија.

Европското првенство за мажи-2012-та година е десетти европски шампионат во ракомет. Првенството во Србија ќе се одржи од денеска, 15-ти јануари до 29-ти јануари во Белград, Вршац, Ниш и Нови Сад.

На Светското првенство кое во 2009-та година се одигра во Хрватска, македонските ракометари ја завршија на 11-то место. Актуелен светски и европски шампион во ракомет е репрезентацијата на Франција.

Автор: АТ/ миа

Редактор: Ж. Ацеска