1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Со нов тренер во нов поход

Баерн Минхен ги започнува подготовките за наредната фудбалска сезона.

default

Луј ван Хал во Баерн Минхен

Германските прволигаши ги започнуваат подготовките за наредната сезона. Во средиштето на вниманието беше првиот тренинг на Баерн Минхен и прес-конференцијата на новиот тренер, Холанѓанецот Луј ван Хал. Предводен од посакуваниот тренер, кој пред 13 години се закити и со титула во Лигата на шампионите, Баерн сака годинава да ја освои титулата, оти и на играчки план се засили - за 30 милиони евра го доведе голгетерпт на Штутгарт Марио Гомес. „Ние сме ние и јас сум јас. Самоуверен, арогантен, доминантен, чесен, работлив, иновативен, но и пријателски и семеен“, се опиша самиот себе си новиот кормилар од Минхен.

Главното прашање во Баерн е - со или без Франк Рибери, кој изразува желба да замине во Реал Мадрид. „Како тренер секогаш сакам да ги задржам најдобрите фудбалери“, вели Ван Хал.

Менаџерот Ули Хенес беше категоричен: „Има јасна изјава дека сакаме да го задржиме Франк во Минхен и само ако некој мисли да прави сосем луди работи, тогаш можеби би се занимавале со тоа“.

Автор: дв/ЗЈ

Редактор: Алелсандра Трајковска