1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Со нов лидер во нови победи

Либералите на вонредниот конгрес во Берлин за нов лидер на партијата го избраа Кристијан Линднер. Новиот шеф ја презема партијата во исклучително тешки времиња, односно во услови на вонпарламентарна опозиција.

Кристијан Линднер беше фаворит и неговиот избор за нов лидер на либералите (ФДП) не е изненадување. Тој на вонредниот конгрес на ФДП во Берлин пред делегатите одржа борбен, но и самокритичен говор.

Според Линднер, по поразот на либералите на сојузните избори и неуспехот на партијата да влезе во Бундестагот, во германскиот парламент веќе нема партија која би ги зајакнувала „силите на граѓанското општество и на слободата“. Тој подвлече дека нема само да посматра како „другите го фалсификуваат либерализмот“. Тоа што ФДП првпат по 64 години не успеа да го мине цензусот и да влезе во парламентот, според Линднер е „историски рез“.

Christian Lindner zum neuen FDP Chef gewählt 7.12.13

Кристијан Линднер

Патот до враќање во Бундестагот ќе биде „посеан со порази, отпори и разочарувања“, рече новиот партиски лидер, додавајќи дека по тој пат никој не може да оди сам. Затоа Линднер ги повика сите да му дадат поддршка во обидите за опоравување на партијата.

Кристијан Лиднер доаѓа на местото на Филип Реслер, кој во својот говор на конгресот, исто како и врвниот кандидат на либералите на изборите, Рајнер Бридерле, призна сопствени грешки, но ја криткуваше и недоволната лојалност на раководството на ФДП. „Ќе ме радуваше малку поголема поддршка од еден силен тим“, рече Реслер. Бридерле пак, нагласи дека на партијата животот и‘ е отежнат и од „омразата и стремежот кон уништување“ присутни во делови на јавноста.

ФДП по неуспехот на сојузните избори, сега има свои претставници само уште во Европскиот парламент и во парламентите на девет германски покраини.