1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Со новинарска храброст, креативност и страст“

На човековите права им треба поддршка во цел свет и тоа гласна и чујна. Новинарите кои тоа го правеа се одликувани со Германската медиумска награда за развојна политика за 2013 година.

Со наградата, од нејзиното востановување во 1975 година, се истакнува извонредниот придонес на новинари во областа на човековите права и развој. Првпат во оваа година наградата на Министерството за заедничка соработка и развој заедно со Дојче веле беше распишана во меѓународни рамки. Доделени беа седум награди во шест регионални категории, како и една специјална награда на публиката за африкански новински фотограф.

Министерот за развој Дирк Нибел го истакна извонредното значење на новинарите за развојот на слободно цивилно општество. „Наградата ги велича новинарите кои храбро известуваат за развојот и состојбата со човековите права во своите земји, а тоа често го прават под исклучително тешки услови“, рече Небел на свеченоста во главното студио на АРД во Берлин. Тој искажа пофалби за оние кои со „храброст, креативност и страст се посветуваат на теми од областа на човечките права“.

Deutscher Medienpreis Entwicklungspolitik Preisverleihung

Дирк Нибел

„Не сте сами“

Интендантот на Дојче веле Ерик Бетерман дополни: „Оваа награда треба да поттикне храброст за вклучување, за подигање на гласот. Таа треба да сигнализира: вие не сте сами“.

Наградата за регионот на Латинска Америка беше доделена на мултимедијалното досие за судбината на исчезнатите деца во Колумбија. Покрај новинарското постигнување на награденото трио, Олга Лозано, Хуанита Леон и Марсела Пелез, жирито ја истакна речиси уметничката презентација на темата. Во овој прилог „вистински до максимум се искористени новинарските можности кои ги нуди интернетот“, стоеше во лаудациото. Слично мултимедијален, повеќестран и иновативен беше и прилогот на германскиот носител на наградата, Уве Х. Мартин, кој ја истражувал глобалната продукција на памук, која го руинира животот на многумина селани.

Добитниците од регионите на Источна Европа и Блискиот Исток ги одликува пред се‘ храброста потребна за истражување и публикување на одбраните теми. Волха Малафејчава од Белорусија направи приказна за хомосексуалците во својата земја, во која хомофобијата е широко распространета, а новинарите мора да работат под силен личен притисок. Ханан Кандаги пак се посвети на нападите врз деца и младинци во центрите за луѓе со хендикеп во својот роден Јордан и јавно ги именуваше одговорните за овие состојби.

Меѓу дистанца и сочувство

07.2013 GDMA Sonderpreis des Publikums: Where there is will, there is education Bildergalerie

Специјалната награда на публиката за фотографијата од Африка - деца од нигериски слам на пат во училиште

Носителите на наградите од Азија, Гунјан Шарма од Индија и од Африка, Ваде Вилијамс од Либерија, беа издвоени пред се‘ поради нивното новинарско умеење да сочуваат баланс меѓу личното сочувство и аналитичката дистанца. Вилијамс изјави: „Како новинар ти имаш едно пенкало, а тоа може да им даде гласност на оние на кои тоа им е потребно.

Специјалната награда на публиката на африканскиот фоторепортер беше доделена преку гласање по пат на интернет и отиде во рацете на Олуинка Езекиел Адепаруси. Неговата фотографија покажува деца во пловечки слам во Макоко, кои до своето училиште стигнуваат со чамец. Таа носи наслов: „Онаму каде постои желба, постои и образование“.