1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Со ниски камати против кризата

Европската централна банка ја намали основната каматна стапка во евро-зоната на ново рекордно ниско ниво и сега изнесува 1,0 процент. Ова е седмо намалување од октомври минатата година.

default

Претседателот на ЕЦБ, Жан Клод Трише

Најважната каматна стапка за обезбедување на кредитното стопанство со пари е спуштена за натамошни 0,25 проценти и сега изнесува 1,0 насто. Повеќето експерти очекуваа ваков чекор на Европската централна банка.

Наспроти тоа со нетрпение се очекуваше, какви други мерки ќе усвои Советот на гувернери на банката. Како прво ќе биде продолжен временскиот рок во кој деловните банки ќе мораат да го вратат нивниот долг кон централната банка. Рокот треба да изнесува 12 месеци, најави претседателот на ЕЦБ, Жан Клод Трише. Како второ Советот на гувернери во основа одлучи банката да се вклучи на пазарот на капитал и да купува хартии од вредност. За таа цел ЕЦБ планира да издвои 60 милијарди евра. Купувањето на хартии од вредност важи за најагресивна форма со која Централната банка може да обезбеди ликвидност на пазарот. Со тоа треба да бидат поттикнати потрошувачката и инвестициите.

Меѓутоа ЕЦБ досега преку основната каманта стапка речиси и да немала влијание врз пазарот. Што се однесува до идната каматна политика, Трише укажува на тоа дека иако во моментот цените паѓаат на долг рок ЕЦБ сепак смета на растечки цени. „Очекувам повторно да се зголемат годишните стапки на инфлација. Тоа што тие во моментов се намалуваат не е релевантно од перспектива на монетарната политика“, изјави претседателот на Европската централна банка, Жан Клод Трише.


Автор: Венеса Ренерт / Симе Недевски

Редатктор: Александра Трајковска