1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Со молскавична брзина кон иднината!

Со 1220 километри на час луѓето итаат долж американскиот западен брег. Звучи егзотично - зад можниот проект вреден милијарди се крие човек кој веќе се погрижи за многу изненадувања.

Претприемачот Елон Маск е човек со визии. 42 годишниот Маск ја основаше платежната агенција „ПејПал“ и подоцна ја продаде на „Ибеј“ - со заработувачка се разбира. Потоа му се посвети на производителот на електро автомобили „Тесла“, чиј курс на акциите веќе подолго време константно расте. Сега има нов план: Со неговиот т.н. Hyperloop (хипотетички вид на брз транспортен систем) тој претстави алтернатива за планираната траса за брз воз од Сан Франциско до Лос Анџелес.

Неговата идеја е: Капсулите кои лебдат на воздушни перничиња да го минат патот долг 600 километри за 35 минути. На автобус му требаат три часа и освен тоа е значително поскап, „Со Hyperloop би можело да биде револуционирано патувањето“, појаснува Маск.

Hyperloop Transportsystem Elon Musk

Претприемачот Елон Маск

Трошоците за Hyperloop-експериментот се проценуваат на до шест милијарди евра - во зависност од тоа дали ќе биде транспортирана и стока. Најголем дел од парите би се употребиле за градење на патеката. Во моделите се претставени две цевки една крај друга со потпирки. Низ цевките би требало да се истрелуваат капсули со по 28 лица, кои би се движеле на сопствен погон. Капсулите би можеле да развијат брзина од 1220 километри на час.

Исходот е отворен

Патувањето со воздушни перничиња би изгледало како лет со авион, вели Маск. „Би било изворедно да се има алтернатива за летањето или за возењето автомобил“. Брзиот воз кој го планира владата на Калифорнија би бил поспор, поскап и понесигирен отколку авион, вели Маск.

Проектот е меѓутоа далеку од реализиција. Впрочем како технички така и политички би морале да бидат направени уште некои чекори. Маск меѓутоа сака да дискутира и да ги развива плановите со сите заинтересирани. Исто така тој бара и подржувачи за проектот, кои би ја поттикнале владата на Калифорнија.

Освен претприемачот со потекло од Јужноафриканската Република на проектот работат и повеќемина инженери од „Тесла“ и „СпајсИкс“. „СпајсИкс“ воедно е претпријатие кое го формираше Маск и последно го испрати приватниот товарен вселенски брод „Драгон“ до Меѓународанта вселенска станица „ИСС“.