1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Со многу спектакл во Новата година

Огномети, ракети, ласерско шоу - милиони луѓе ширум светот ја испратија старата и ја дочекаа Новата 2012-та година.

default

Берлин

Пред историската кулиса во Берлин, стотици илјади граѓани ја дочекаа 2012-та година. Кулминација на новогодишната ноќ пред Бранденбуршката порта беше спектакуларниот огномет на полноќ, кога небото над Берлин се обои во златна боја, а луѓето прегрнуваќи се со шампањ в рака си ја честитаа Новата година. Претходоно старата година од бината во Берлин ја испратија повеќемина германски познати музичари како пејачот на шлагери Удо Јиргенс, но и Ди Џеј Етци и Шкорпионс.

London zu Sylvester

Лондон

Во Лондон повеќе стотици илјади луѓе присуствуваа на традиционалната новогодишна прослава на Темза, каде ги очекуваше десетминутен огномет придружуван со музика.

Помирно беше во Париз. На тамошната прослава, исто како и претходните години, беа забранети пиротехнички средства поради безбедносни причини.

Во Азија и Австралија луѓето ја дочекаа Новата година пред Европејците. Уште во 11 часот по средноевропско време жителите на Самоа, Токеалу и редица острови во Пацификот ја прославија Новата 2012-та година.

Со голем огномет над пристаништетот во Сиднеј и жителите на Австралија меѓу првите ја дочекаа новата година. На сиднејскиот пристанишен мост огнометот се издигаше во форма на пеперутки, срца или облаци. Како симбол на надежта на

Silvester Neujahr 2011 2012 China Peking

Пекинг

  средина на мостот беше пројецирано виножито. Повеќе од 1,5 милиони луѓе се воодушевуваа на новогодишното шоу.

Во Пекинг во последните секунди на 2011-та година беше пројецирано ласерско шоу на 600 години стариот Небесен храм. Жителите на кинескиот главен град меѓутоа не беа поканети, бидејќи комунистичкото раководство стравува дека секој собир на народни маси претставува непредвидлив безбедносен ризик.

Карневалско расположение и покрај дождот пак во Бразил. На плажата Копакабана во Рио околу два милиони луѓе гледаа како од чамците во водата се истрелуваа илјадници ракети кон небото.

Silvester 2009 2010 USA

Њујорк

Шест часови по Европа и граѓаните на Њујорк влегоа во Новата година. Пред очите на околу милион луѓе, Лејди Гага го притисна копчето на полноќ и познатата кристална кугла се издигна над Тајмс сквер.

Автор: АТ/ ЖА/ дв/ дпа/ дапд/ епд

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM