1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Со маратон од самити до решение за еврокризата?

Германија и Франција, освен со самитот на ЕУ во Брисел утре, со дополнителниот самит в среда сакаат да стигнат до решение за еврокризата. Спорно е пред се‘ проширувањето на Фондот за спас на еврото.

default

„Кога најавуваме самит, растат курсевите на акциите на берзите. Значи, да организираме што повеќе самити едноподруго“. Со оваа шега еден близок соработник на претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој се обиде да ја надмине растечката беспомошност во Брисел.

Донесувањето одлуки од утрешниот самит, е префрлено за в среда, 26 октомври.

Загрижени не се само Европејците, туку и светот, зашто европската криза би можела да ги зафати и светските финансиски пазари и банките во САД, Азија и Латинска Америка. Претседателот на Светската банка Роберт Зелик неодамна ја предупреди Европа дека веќе нема време за грешки, пред две недели и‘ префрли на Меркел дека и‘ недостасува „визија“ за решавање на финансиската криза.

Krisentreffen in Paris August 2011 Merkel und Sarkozy Pressekonferenz

Клучот е кај Меркел и Саркози

Па сепак, претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо изразува оптимизам пред почетокот на самитот:

„Мислам дека позитивниот резултат е можен в недела, ако сите учесници покажат соодветна политичка волја и бидат спремни на компромиси“.

Еден од трите големи проблеми-Грција

На високо задолжената Грција би требало да и‘ бидат отпишани дел од долговите. Додека Германија е подготвена на отпишување од 50 до 60 проценти, Франција и приватните доверители се согласуваат само на 30 проценти. Сепак, според најавите од синоќешната средба на министрите за финансии на еврозоната, се чини дека договорот оди кон германскиот став. Луксембуршкиот премиер и претседател на Еврогрупата, Жан Клод Јункер, изјави дека е постигната согласност за значително поголемо учество на банките во реструктуирањето на грчкиот долг, без да споменува бројка.

Infografik Die Ratings der 17 Euro-Staaten NEU! Stand 14.10.2011

Кааков е кредитниот рејтинг на 17 членки на еврозоната

Банките во тешка позиција

Во очекување на Грција да и‘ биде отпишан дел од долгот, на многу банки кои имаат грчки државни обвртзници ќе им биде тешко во краток период да соберат пари. Банките не си веруваат една на друга и затоа Европската централна банка притекнува во помош со свеж капитал. Во случај на банкрот на Грција, на голем број пред се‘ грчки, шпански, италијански и француски банки ќе им биде потребен многу поголем сопствен капитал за да не би банкротирале. Големо прашање е дали се тие во можност сами да го обезбедат или ќе им треба државна помош.

Не е табу промената на европските договори

Потребно е зголемување и и на заштитниот механизам за спас на еврото и тоа до два билиона евра, но и околу тоа постои неединство меѓу Франција и Германија. Европскиот фонд ЕФСФ треб ада биде толку проширен, што ќе овозможи и „покривање“ на Шпанија и Италија.

Eurokrise Kritik Dossierbild 1

Тоа би требало да биде направено со финансиско-технички т.н. „лостови“, за да се формира еден вид заштитен ѕид против растечките камати. Како би функционирале овие „лостови“ е спорно меѓу Германија и Франција, но и меѓу економистите. Германија форсира еден вид осигурување на купувачите на државни обврзници, на кои би им се гарантирало 20 до 30 проценти од евентуалните загуби. Франција пледира посилно вовлекување на Европската централна банка. Таа би требало да му стави на располагање на ЕФСФ кредити во голем обем. Но, ЕЦБ ја одбива оваа опција, која е исклучена и според европските договори.

Германската канцеларка Ангела Меркел од другастрана смета дека државите кои добиваат финансиска помош од европскиот фонд мораат да бидат подготвени на делумно одрекување од суверенитетот, за тн. Тројка, претставници на ЕУ, Европската централна банка и ММФ, да може поефикасно да ги контролира задолжените земји. Исто така, за нив треб ада бидат воведени построги санкции доколку не се придржуваат на Пактот за стабилност на еврото.

Но, и за тоа е потребно менување на европските договори, а тоа е можно само ако измените ги ратификуваат сите држави-членки на еУ. Во нормални околности, ратификацијата трае најмалку две години, а Греманија сака целата процедура да ја забрза на една година. Канцеларката Меркел е децидна:

„Ако сакаме посилна Европа, мораме кризата да ја искористиме за неконвенционално и побрзо делување. Затоа измените на европските договори за мене не се табу“.

Автор: Бернд Ригерт/ЖА/СН/дпа/афп

Редактор: Симе Недевски

DW.COM