1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Со корумпирано судство нема датум за преговори со ЕУ

Министерот за правда, Михајло Маневски го нагласува напредокот во реформите во судството, додека од Брисел се укажува на долгите постапки и корупцијата. Дали и обновата на Судскиот совет е врз партиска лојалност?

default

Зградата на Основниот суд во Скопје

„Правосудните институции во Република Македонија се подготвени да ги спроведуваат европските норми и европските закони“, оваа категорична изјава на најстариот владин министер Михајло Маневски не кореспондира со реалните критики на бизнисмените и граѓаните на Македонија.

Деновиве, менаџери од тетовската млекарница јавно преговорија за локалните партиско-судски спреги, кои ги попречуваат во управувањето со фабриката и остварувањето на нивните сопственички права. Долгите постапки, незаштитената сопственост, корумпираните делители на правда, тоа не случајно Европската унија го детектира како маана на судството, како еден од генераторите на кризата на правосудниот систем. Но министерот за правда ги набројува своите и резултатите на владата: „Споредено со 2006 година, во 2009 се намалени стечајните предмети за 72 проценти, и тоа мислам дека никаде го нема. Ефикасна граѓанска постапка – каде што 32 отсто од граѓанските предмети се намалени, кривичните предмети се исто така намалени за некаде 26 отсто.“

Динамиката во судските реформи е најважна

Ervan Fuere

Фуере: „Судството во Република Македонија има потенцијал“

Маневски не беше на вчерашната (04.08.09) средба во Републичкиот судски совет, каде ЕУ амбасадорот Фуере се обиде да ја детектира сликата дали обновата на Судскиот совет е врз партиска лојалност: „За земјата е најважно да постои динамика во реформите за судството. Тоа е најдобрата област во којашто државата може да ги покаже своите потенцијали и напредок“, кажа евроамбасадорот Ерван Фуере. „Судството во Република Македонија има потенцијал и можности за да не биде пречка за Република Македонија да биде примена во сите оние процеси и во Европа и во НАТО“, изјави Васил Грчев, претседател на Републичкиот совет, кој во изминативе три години смени или разреши околу 60 судии, а уште толку заминаа во пензија, што е 20 проценти од делителите на правда.

Судството во прв план за да се прикријат другите нереализирани бенчмаркови

Gruevski Statement.jpg

Груевски: „Знаеме кои работи бара Унијата да ги завршиме“

Концентрацијата на судството и афирмацијата на неговата ефикасност и ажурност власта ја прави како обид да амортизира критики за нереализираните бенчмаркови. „Имаме драстично намалување на бројот на заостанати предмети, тоа во неколку наврати е покажано, и имаме точно детектирано работи кои Европската унија ги бара од нас да ги завршиме во наредниот период и ние ќе се фокусираме на нив и се надевам дека и тие ќе бидат успешно завршени“, неодмана оцени премиерот Груевски. Но и покрај овие оптимистички најави и ветувања, евроамбасадорот сепак вели: „Се‘ уште е рано да се каже каква ќе биде одлуката на Европската комисија за започнување преговори со Македонија за членство во Унијата“, изјави Фуере по средбата во Републичкиот судски совет.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска