1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Со ископување на злато до работни места на Халкидики?

На грчкиот полуостров Халкидики ќе се ископува злато. Канадската фирма ветува 5000 нови работни места. Противниците на проектот стравуваат дека со рудниците ќе се уништува и загадува животната средина.

Звучи премногу убаво за да биде вистина: 5000 нови работни места во регион со висока невработеност во економски кризната Грција. Канадскиот концерн „Елдорадо Голд“ има намера да отвори толку директни и индиректни работни места на грчкиот полустров Халкидики на северо-истокот на земјата.

Овие работни места меѓутоа изгледаат убаво само на хартија, смета Јанис Вергинис од граѓанското движење „Coordinating Committee of Associations of Stageira-Akanthos Against Gold Mining.“. Ова движење е цврсто решено да го спречи ископувањето на злато во регионот.

„Тоа е прашање на одржливост“, појаснува Вергинис во разговор за ДВ. Можеби можат да се вработат 1300 луѓе на десет или дванаесет години, но во тој период би биле нанесени и големи еколошки штети. Исто така би биле погодени и вработувањата во други области, дополнува Вергинис, на пример во туристичкиот сектор. „Доколку бројот на посетители се намали за 25 проценти, 12.000 луѓе ќе загубат работа“.

Protest gegen Hellas Gold

Демонстрации против ископувањето на злато во регионот

Дали првиот рудник е само почеток?

Во моментов претпријатието и неговите испорачатели вработуваат околу 1600 луѓе во регионот, појаснува Едуардо Моура, вицепретседател на „Елдорадо Голд“ и шеф на фирмата за Грција. Грчката фирма-ќерка „Хелас Голд“ во моментов врши подготвителна работа во регионот. На интернет страницата на претпријатието се вели дека рудникот Скурис ќе биде активиран најдоцна во 2016. година. Планиран е период на активност од 27 години.

Регионот на североистокот на Грција живее главно од туризам, риболовство, земјоделство и пчеларство. Единствениот активен рудник е рудникот за сребро Стратони. Тоа ќе се промени, кога „Елдорадо Голд“ ќе започне да ископува злато во рудниците Скурис и Олимијас.

Противниците на намерата стравуваат дека е тоа само почеток и дека ќе следуваат други рудници. На интернет страницата на фирмата се најавуваат истражувања на три други области на полуостровот. Пробните дупчења биле извршени веќе во 2013 година.

Претежнува загриженоста за животната средина

Активистите се загрижени за животните услови на жителите. Според податоци на концернот мораат да бидат расчистени 180 хектари шума. Претпријатието вети дека ќе бидат засадени нови стебла „'Хелас Голд' ќе ги пошуми областите од каде нема повеќе да се експлоатира руда. По завршувањето на проектот Скурис рудникот ќе биде наполнет и ќе се повратат пределите“, појаснува Моура за ДВ.

Protest gegen Hellas Gold

Запалени возила: незадовлствотона луѓето ги зафати и рудниците

Вергинис има други бројки: „За рудникот Скурис мораат да бидат исечени 300 хектари шума“, смета тој, недопрена шума. Исто така и Марија Кадоглу од граѓанската иницијатива „Hellenic Mining Watch“ скептично гледа на бројките на „Елдорадо Голд“. Таа смета дека концернот би морал да исече повеќе шума, бидејќи заборавил да ги вклучи пристапните патишта и локацијата за депонија. „Жителите со право стравуваат дека ќе биде погоден нивниот животен простор од овој огромен комплекс на рудници“, вели оваа жена борец за граѓанските права.

Активистите исто така ги загрижува употребата на отровниот цијанид. Тие стравуваат дека оваа хемикалија, која се користи за двоење на златото од рудата, би можела да ги загади земјиштето и подземните води. „Ќе бидат загадени резервите со вода за пиење“, смета Вергинис, кој проценува дека годишно ќе бидат потребни 100 тони цијанид. Реките и изворите во регионот со тоа во голем дел би станале садови за отровен отпад.

Иако претпријатието не планира да употребува цијанид во Скурис. „Но, во соседниот рудник Олимпијас сигурно ќе го направат тоа“, претпоставува Вергинис. „Само тоа не го споменуваат, туку нагласуваат дека во Скурис нема да се употребува цијанид“.

Во писмениот став концернот „Елдорадо Голд“ за ДВ појасни дека ниту за проектот Скурис, ниту за Олимпијас нема дозвола за употреба на цијанид.

Наместо тоа, вели Вергинис, фирмата ќе примени друга техника на брзо топење на металот. Меѓутоа Марија Кадоглу предупредува дека таа досега не била користена во овој опсег и на тло за ваков концентрат на минерали. Таа истакнува дека досегашните студии покажале оти оваа техника не била погодна за рудата во проектот Олимпијас.

Protest gegen Hellas Gold

Во 2012 година имаше судири со полицијата

Втор обид

Ова не се првите обиди да се ископува злато во оваа област. Во 2002. година грчкиот државен совет, највисокиот управен суд на земјата, ја поништи дозволата за ископување на канадската фирма „ТВХ голд“ поради формални и еколошки причини. Тогаш судот одлучи дека ископувањето на злато било катастрофа за регионот, се сеќава Вергинис.

Исто така и во актуелниот случај жителите и локалните политичари се обратија со молба до државниот совет, да ја отповика доделената дозвола. Досега судот само потврди дека дозоволата за ископување е легална; на молбата на жителите сѐ уште нема одговор, појаснува Вергинис.

Жителите бараат забрана

Против рударството општо, мнозинството од околу 20.000 жители во регионот нема задршки. Сепак во 2012. година имаше делумно насилни протести против проширувањето на проектот за златото, како и против плановите за дневните копови.

Во мај претстојат локални избори. Многу жители се надеваат на нов градоначалник - човек кој ќе се обрати до владата во Атина, за да го стопира ископувањето злато. До тогаш, сигурни се луѓето во регионот, и натаму ќе се демонстрира.