1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Со името нема пазар

Македонската позиција околу името е непроменета,нема да се прават отстапки околу уставното име на државата.Ова е заклучокот од вчерашната едночасовна средба на државниот врв,одржана кај претседателот Бранко Црвенковски

default

Од претходната средба на Нимиц со Црвенковски и Груевски во Скопје

На средбата освен претседателот учествуваа и премиерот Никола Груевски,министерот за надворешни работи Антонио Милошовски,како и македонскиот преговарач за името Никола Димитров.Средбата се одржа пред утрешното отпочнување нова рунда македонско грчки преговори за името,која ќе се одржи во Охрид.Таа е иницирана од Метју Нимиц,посредникот во спорот околу името,кој денес треба да пристигне во Македонија.