1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Со илузии против стравот и болката на болните деца

Виртуелни светови кои се создаваат во Монтреал, помагаат за намалување на болката и стравот на трауматизираните деца.

default

Монтреал

Патрик Дубе, раководител на тим лекари и компјутерски стручњаци во болницата „Сент Џастин“ во Монтреал, објаснува: „Дете што има изгореници, може виртуелно да се пренесе во поларен свет и со тоа да се намали неговата болка“.

Познато е дека когнитивните илузии имаат влијание врз восприемањето на болката, вели Дубе. Така, детето со тешки изгореници преку стимулација на сетилата добива чувство дека е опколено од блок мраз, и на тој начин чувствува помала болка. Друг мал пациент, на пример, преку тридимензионални слики од неговата детска соба, може да заборави дека лежи во клиника далеку од дома.

Тимот работи во „Сатосфера“, седиште на Друштвото за уметност и технологија во метрополата на провинцијата Квебек. Дел од „Сатосфера“ е купола со дијаметар од 18 метри, во која се можни проекции од 360 степени. Научниците во „Сатосфера“ истражуваат нови начини за терапија преку таканаречени имерсивни технологии, со кои луѓето се ставаат во вештачки свет, во виртуелна реалност.

Frau mit Kopfhörern in einer virtuellen Welt

Виртуелен свет за реално оздравување - истражувањата се на почеток

„Опасните“ инструменти да се претворат во играчки

Тоа во практика значи дека со помош на различни проектори може да се создадат цели „соби светови“, не само вклучувајќи ги ѕидовите, туку дури и мебелот во просториите. За да вршат конкретни медицински истражувања, научниците на просторот на „Сатосфера“ имаат изградено вештачка болничка соба.

Еден од проектите на лекарите и компјутерските експерти е виртуелно претворање на медицински инструменти во безопасна фантастична играчка. Ќерката на еден од истражувачите, на пример, од шприц прави ракета која има улога во видео спот. Тоа е технички можно со помош на видеокамера поврзана со компјутер и два екрани. Целта е на децата да им се доближат медицинските апарати и, како што гласи теоријата, на тој начин да им се одземе стравот. Ќерката на истражувачот, Максим, која има единаесет години, вели: „Сега веќе не се плашам од инјекции“.

Аватар за разговор

Научниците паралелно работат и на создавање аватари, виртуелни личности кои заменуваат вистински луѓе. Тие аватари на децата би требало да им овозможат на децата комуникација со возрасните, во случаи кога децата не

Deutsche Unternehmen in Second Life

Aватари на децата би требало да им овозможат на децата комуникација со возрасните

сакаат директно да се изјаснат, значи еден вид играње со хај-тек кукли кои би требало да им помогнат на малите пациенти повторно да воспостават контакт со нивната околина.

Истражувачките проекти имаат за цел да им помогнат на болните деца да ги пребродат своите стравови, нагласува Патриција Гарел, шеф на одделот за психијатрија во клиниката „Сент Џастин“. Технологијата има енормен потенцијал, но истражувањата се се‘ уште на почеток. Виртуелната комуникација и видео игрите може негативно да влијаат врз социјалното однесување на децата, особено на оние што се емоционално лабилни, но, како што нагласува Гарел, модерните технологии што се истражуваат во Монтреал, доколку се применуваат коректно, можат да им го покажат на трауматизираните деца виртуелно патот назад кон нормалниот живот.

Автор: ЕМФ / афп

Редактор: Александра Трајковска