1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Со заеднички сили до решение на Блискоисточниот конфликт

Германската канцеларка Ангела Меркел ја почна блиско источната турнеја. Вчера попладне Ангела Меркел за првпат како претседавач со ЕУ и Г8 групата стигна во Каиро.

Ангела Меркел во Египет

Ангела Меркел во Египет

Германија и Египет имаат намера да е заложат за опсежна стратегија за решавање на конфликтите на Блискиот исток. На заедничко мислење сме дека е потребен целосен план за овој регион рече гермаснката канцеларка Ангела Меркел по средбата со египетскиот претседател Хосни Мубарак во Каиро. За ова покрај блиско источниот квартет свој придонес би можеле да дадат и регионалните актери смета канцеларката "За мене е многу важно Европската унија и Блиско источниот квартет да бидат од помош за регионот и со тоа не да работиме во различни агли туку да развиеме кохерентнта стратегија на која сите актерти навистина ќе работат на истата цел.” рече Меркел

И египетскиот претседател Хосни Мубрак исто така се заложи за потесна соработка меѓу Европа и Америка со арапските држави за мирот на Блискиот исток. Мубарак истовремено го означи запирањето на конфликтот меѓу Палестинците како предуслов за решавање на израелско – палестинскиот проблем. Египетскиот претседател повика и да не се пропушти шансата која сега се нуди.

Оживувањето на Блискоисточниот процес и стабилноста во регионот се важни не само од политички туку и од економски агол. Економските односи на ЕУ и Германија со Eгипет треба да се продлабочат смета канцеларката - Сакаме да ги унапредиме економските односи порача Меркел на германско – египесткиот економски самит денеска во Каиро. Германската канцеларка Египет го оцени и како атрактивен трговски партнер, за кој Германија треба да се бори. Енергетскиот сектор е во преден план. Европската унија во моментов е најголемиот трговски партнер на Египет, а за Германија земјата е трет по важност економски партнер.

Каиро беше првата станица на Блискоисточната турнеја на германската канцеларка Ангела Меркел. Посетата на Блискиот исток продолжува вечерва во Саудиска Арабија каде Меркел ќе се сретне со кралот Абдула. Во наредните два дена канцеларката ќе ги посети и Обединетите Арапски Емирати и Кувајт.