1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Со допинг против стресот на работа

Многумина земаат дроги за подобрување на ефикасноста, за исполнување на работните задачи. Германија се соочува со зголемување на деновите за боледување. Сега ЕУ бара начини да ги повика работодавачите да преземат нешто.

Пред смртта на 15 август 2013 година Мориц Ерхард, практикант во инвестициска банка наводно работел три ноќи по ред. Тој беше најден мртов под туш во својот дом во Лондон на возраст од 21 година. Различни медиуми тврдеа дека страдал од епилепсија и дека неговата смрт резултирала од премногу работа.

Европската комисија во Брисел аларамираше за смртта на Ерхард и за слични други случаи. Социјалдемократот и член на Европскиот парламент, Јута Штајнрук верува дека младите треба да бидат подобро заштитени од експлоатација со која компаниите го зголемуваат профитот.

Се` повеќе отсутни

Германскиот Фонд за здравствено осигурување АОК дели слично мислење. Неодамна АОК го објави овогодинешниот извештај за отсуство на вработени од работа низ земјата. Извештајот покажува дека многу Германци земаат таблети за да бидат поефикасни и да се справат со работните задачи што се бараат од нив.

„За да се справат со стресот од работата, 5 проценти од вработените земале таблети, како психотропни супстанци и амфетамини во последните дванаесет месеци“, вели заменик раководителот на истражувачкиот огранок ВИДО, Хелмут Шредер, во интервју за ДВ. Шредер додава дека младите работници се во особена опасност кога доаѓа до земање дроги наменети за да се зголеми исполнувањето на задачите со подобрување на концентрацијата и без поспаност. Еден од 12 од вработените под 30 години признал дека зема такви супстанци.

Проблем со нив, меѓутоа е, тоа што тие исто така доведуваат до главоболки и проблеми со стомакот. Во екстремни случаеви, може да се стане зависен и да се оштетат органите. Но, користењето на тие супстанци се чини дека се зголемува. Во извештајот за отсуство од работа на АОК, бројот на денови за боледување предизвикани од користењето на зависни дроги се покачил на 17 проценти.

Medikament Adderall

За да се справат со стресот од работата, 5 проценти од вработените во Германија земале таблети

Притисок за да извршат обврските

Парламентарката Штајнрук верува дека проблемот е проширен и надвор од Германија, во сите развиени економии. Таа вели дека сите земаат дроги за подобрување на ефикасноста и за време на студиите.

„Кога гледаме на САД, на пример, има универзитети во кои 25 отсто од студентите земаат допинг“, вели Штајнрук, додавајќи дека 5 отсто од германските студенти го прават истото. „Тоа треба да биде знак за тревога дека младите се чувствуваат под голем стрес“.

Портпаролот на Сојузот на германски синдикати (ДГБ) предупреди на последиците од тоа што младите се изложени на стресни работни атмосфери, велејќи: „Премногу стрес и премногу работа можат да доведат до психолошки кризи и како резултат, да предизвикаат зависност“. Од ДГБ велат дека тоа е вистина, особено кога се работи за конфликти и малтретирање од директори, но исто така истакнуваат дека долгите часови на работа можат да доведат до депресија и поголем ризик од зависност.

Хелмут Шредер вели дека искушението да се посегне по таблети и алкохол е посебно високо кај вработените кои имаат поголема одговорност. „Работодавците мора да им помогнат на тие вработени да се заштитат од самите себе“.

Повик за акција

ДГБ исто така сака вработените да кажат кога злоупотребуваат такви супсанци. „Според нас, добрите услови за работа се најдобар начин да се спречи зависност. Алармантното покачување на болести поврзани со зависност во Германија нуди дополнителна причина за да се добие признание за работата преку добри плати, добра прераспределба на работата и сигурност“, вели портпаролот на ДГБ.

„Работните советувалишта повеќе се трудат да го откријат изворот на психолошкиот напор во компаниите и да обрнат внимание на зголемениот стрес и притисок. Ангажманот на работодавачите за ова досега е многу низок“.

Flash-Galerie Feinde am Arbeitsplatz

Премногу стрес и премногу работа можат да доведат до психолошки кризи

Штајнрук сепак, вели дека и политичарите треба да реагираат и да го забранат пристапот до дрога за зголемување на ефикасноста.

„Треба да се ограничат супстанците кои може слободно да се купат на интернет“, вели таа, додавајќи дека политичарите треба да направат стратегија за превенција која исто така вклучува и законски контроли на работни часови и добри плати. „Привремени вработувања, наметнати преместувања и лажни самовработувања исто така треба да имаат построги законски контроли. Тоа многу ќе го намали притисокот врз вработените“.