1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Со демократски дефицити на чело на ОБСЕ

Украина го презема претседавањето со Организацијата за европска бебедност и соработка со намера да помогне во почитувањето на човековите права. А токму таа е критикувана поради нивно кршење.

Валбурга Хабсбург Даглас беше шокирана. „Тоа е кршење на човековите права“, изјави специјалната координаторка на ОБСЕ на 30 октомври 2012 година пред една болница во Харков, во источна Украина. Властите и‘ забранија средба со поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која таму беше на лекување поради болки во грбот. Лидерката на опозицијата е осудена на седум години затвор во 2011 година во процес кој беше меѓународно критикуван. Тимошенко затоа не можеше да учествува на парламентарните избори на 28 октомври. Тоа е дна од причините поради која набљудувачката мисија на ОБСЕ ги оцени изборите како нефер и „чекор наназад“.

Покрај сето тоа, Украина од оваа година го почнува едногодишното претседателство со ОБСЕ. Притоа обвинувањата за подреденоста на правосудниот систем на политиката и сомнежите во регуларноста на изборите се најлошите можни услови за тоа, објави во декември киевскиот неделник „Џеркало тишња“. Со оваа проценка се сложуваат и германските експерти.

„Се разбира претседателството е индиректно оптоварено“, вели првиот човек на центарот на ОБСЕ за истражувања на универзитетот во Хамбург, Волфганг Целнер во разговор за Дојче веле.

На сличен начин ситуацијата ја оценува и Сузан Стјуарт од берлинската Фондација за политика и наука. Украина стекна лоша репутација порадикршењето на човековите права, но и поради назадувањето во демократското уредување, вели таа.

Susan Steward

Сузан Стјуарт

„Затоа верувам дека на Украина ќе и‘ биде тешко да се покаже како силен водач“, нагласува Стјуарт.

Нелагодност зад сцената

Украина е втора бивша советска република на чело на ОБСЕ. Пред неа беше Казахстан во 2010 година. Оваа централноазиска држава со тоа индиректно и‘ го подготви патот на Украина. И Казахстан трпеше критики поради кршење на човечките права.

„До пред неколку години во ОБСЕ беше пракса на чело да се бираат земји кои задоволуваат некаков минимум во областа на човековите права“, вели Волфганг Целнер, но сега тоа не е така. Откако Украина се кандидираше за претседателство, веќе немаше дискусија. Целнер признава дека „постои лошо расположение кон Украина зад кулисите“.

Wolfgang Zellner Leiter OSZE Forschungsinstitut in Hamburg

Волфганг Целнер

На ОБСЕ му се итно потребни реформи

Изгледа дека на ОБСЕ би му било добредојдено силно водство. Оваа организација, која во 1970-те години на минатиот век беше основана како Конференција за безбедност и соработка во Европа, мора да се соочи со се‘ помало сопствено значење.

За време на Студената војна ОБСЕ претставуваше платформа за дијалог меѓу Западниот и Источниот блок. Денес организацијата со седиште во Виена собира претставници од 57 држави во Европа, централна Азија и северна Америка. Тие претставници учествуваат во борбата против тероризмот, бараат решенија против конфликти или ја штитат природната околина. ОБСЕ за свои клучни задачи ги смета почитувањето на човековите права и уставните слободи.

Сепак ретко има големи успеси, сметаат критичарите. Наместо тоа, старите поделби се закануваат сериозно да ја ограничат работата на ОБСЕ. Волфганг Целнер смета дека најголем проблем е „движење во различни правци“.

„На една страна се САД и западните држави, кои длабоко се вкопуваат во залагањата за човекови права, на друга страна е Русија, па е тешко сфатливо каде се посакува соработка“. Русија и поранешните советски републики ги отфрлуваат критиките на ОБСЕ на тема избори. Тоа за нив е мешање во внатрешните работи. На конференцијата на министрите за надворешни работи во декември 2012 година во Даблин, договорено е ОБСЕ да биде повеќе сопособен за акција. Реформата би требало да биде приведена кон крај во 2015 година.

Без напредок во Транснистрија?

Прашање е дали Украина може да ја понесе таа реформа? Во украинските приоритети за време на едногодишното претседавање спаѓа заштитата на основните човечки права, соопшти министерството за надворешни работи но без конкретни детали. Покрај тоа, Украина ќе се сврти кон темите енергетска безбедност и решавање на старите судири.

Die Republik Moldau (Moldova) und die Region Transnistrien

Транснистрија

Пример за таков има во соседството: Транснистрија. Судирот околу оваа молдавска покраина тлее веќе 20 години. Самонаречената република прогласи независност во 1992 година. Украина, како директен сосед, учествува во меѓународните преговори за наоѓање решение. Волфганг Целнер не очекува брзо решение: „Дури и кога би го сакала тоа Украина, нејзината положба е преслаба за тоа да го постигне“. Освен тоа, експертот од Хамбург не е уверен „дека Русија е подготвена да и‘ го подари тој успех на Укарина“.

Украина има се‘ под контрола

Одделни набљудувачи во Киев веруваат дека украинскиот мандат на чело на ОБСЕ може да потоне во дипломатска рутина. Претседателството во прв ред значи негување контакти, организирање средби и именување водачи на мисиите, како онаа на Косово, објаснува Целнер. Земјата претседавач нема никаква врска со набљудувањето избори, вели експертот.

Целнер сепак останува оптимист. Тој упатува на примерот на Казахстан. земајта не стана демократска држава според западен модел, но покажа способност да излезе на крај со нередите во Киргистан. Заклучокот на Целнер е „Украина има се‘ под контрола“.