1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Со гумени палки против медиумите

Поради протестите во Бугарија, политичари од владејачките редови се обидуваат да влијаат врз известувањето на медиумите и да ги заплашуваат. РОГ алармираат, ЕУ парламентот дебатира за тензичната состојба.

Веќе три недели протестираат илјадници Бугари против во мај годинава избраната влада. Протестите беа предизвикани со обидот на парламентот да го постави Делјан Пеевски, медиумски могул со сомнителни контакти со сивата економија, за шеф на моќната тајна служба ДАНС. Во меѓувреме, барањата на демонстрантите се поголеми: тие бараат оставка на владата и нови избори.

Кабинетот, предводен од социјалистичката БПС во коалиција со партијата на турското малцинство во Бугарија, не располага со неопходното мнозинство во парламентот. Затоа, владата е упатена на тивка поддршка од ултранационалистичката партија Атака. Во ваква нестабилна ситуација, претседателот на парламентот Михаил Миков, од редовите на социјалистите, реагира чувствително на известувањата за протестите.

Политиката сака контрола на медиумите

ТВ станиците, кои во живо известуваат од демонстрациите, се сосема јасно на страната на демонстрантите и пренесуваат погрешна слика, вели Миков. Претседателот на Атака Волен Сидеров пак, кој секогаш е поврзан со некој скандал, влезе во едно телевизиско студио со гумена палка в рака и се закани, дека неговите „командоси“ врз ТВ станицата „ќе фрлаат со камења, домати и јајца“ се' додека новинарите не известувале избалансирано и во контекст на владата позитивно.

Bulgarien Georgi Lozanov

Георги Лозанов

Георги Лозанов, претседател на бугарските власти надлежни за медиумите, смета дека оваа реакција е јасно кршење на медиумските слободи. „Иако политиката не е задоволна со известувањето, тие немаат право да се мешааат во редакциската политика“. Бугарските политичари, посебно социјалистите , се' уште не разбрале дека владата нема контрола над медиумите, смета Лозанов. „И тие се' уште не сфатиле дека нападот против известувањето за протестите ги доведе во срамна ситуација“.

Срамна е и соработката на социјалистите со ултранационалистите од Атака. Ова јасно беше кажано од повеќе конзервативни ЕУ пратеници за време на дебатата за Бугарија во ЕУ парламентот на 2. јули. Репортери без граници, пак, јавно го осудија водачот на националистите Сидеров поради неговиот воинствен речник кон медиумите. Еден политичар и пратеник не смее воопшто да си дозволи такви испади, сметаат Репортери без граници.

Медиумите како жртвени јарци

Георги Лозанов смета дека обвинувањата од Сидеров против медиумите се целосно неосновани: „Како јавниот сервис, така и приватните медиуми, протестите ги третираат како прва вест и на таа тема не само што известуваат, туку се водат и полемични дискусии“.

Bulgarien Karikatur Anatoliy Stankulov Die Macht der Medien

Колкава е моќта на медиумите? (карикатура на авторот Анатоли Станкулов)

Публицистот Румен Леонидов оди дури чекор подалеку. Тој смета дека медиумите треба да заземат страна: „Со грбот кон власта и со лицето кон народот“. Тој е сит од тоа за развојот во Бугарија да се информира само преку странските медиуми, вели Леонидов. „Кога владејачката класа во Бугарија веќе нема тло под нозете, секогаш реагираат така: ги прават медиумите жртвени јарци“.

Дубиозен медиумски могул

Повеќето набљудувачи, како и меѓународните организации како Фридом хаус и Репортери без гранции (РОГ) го делат ова мислење. Во последните години Бугарија постојано паѓа се' подлабоко на ранг листите за медиумите - на годинешното рангирање на слободата на медиумите во светот Бугарија го држи неславното 87. место од вкупно 179. земји и со тоа е на опашката во ЕУ. Една од важните причини за ваквата состојба се обидите на владите да влијаат врз медиумите, да ги насочуваат и контролираат.

„Со тие владејачки класи, без оглед од кој табор, многу медиуми не влегуваат во судир. Тоа во многу случаи е поради ниската независност и новинарски фокус отколку во западна и средна Европа“, се вели во една анализа на фондацијата Конрад Аденауер. Кон ова се надополнува и тоа што некои медиуми делумно се упатени на јавни средства, зашто „во поинаков случај не би можеле да преживеат во денешната форма“.

Во дебатата за Бугарија во ЕУ парламентот повеќе пати се спомна личност, која е дел од овој систем. Тоа е „медиумскиот могул со матно минато Делјан Пеевски“, како што е наведен во студијата на фондацијата Конрад Аденауер и чие именување за шеф на тајните служби во меѓувреме е анулирано. Тој владее со вистинска медиумска империја и не е озлогласен само поради негови контакти со матни структури. Парите за купување на медиумите ги позајмил од банка, каде владата со години депонирала државни пари.