1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Со гранати врз демонстрантите во Јемен

Јеменскиот претседател Абдула Салех брутално се пресметува со учесниците на протестите. Илјадници луѓе излегоа вчера на улиците во главниот град Сана, загинаа над триесет лица.

default

Масакр на улиците на Сана

Слобода, слобода, скандираа демонстрантите во главниот град Сана, барајќи оставка на неомилениот претседател Абдула Салех. Не ги поколеба употребата на сила од страна на претседателската гарда.

На покривите стојат снајперисти, очевидци тврдат дека се истрелуваат гранати. Жестината на пукотниците ја документира оваа снимка на еден камерман. Откако бил погоден, ја исклучил камерата.

Повредени доаѓаат секоја минута. Лекарите импровизираа болница во една џамија за да им помогнат на што повеќе луѓе.

„Имаме премалку болници, сите кревети се зафатени, исто како и операционите сали. Недостигаат лекови, зашто владата го спречува нивното доставување до болниците“, вели овој лекар.

Повеќе од 30 луѓе загинаа само во Сана, судири имаше и во јужен Јемен, воТаиц, докажува ова аматерско видео. Не е познато кој го снимил. Оној против кого се протестира, се‘ уште е на лекување во Саудиска Арабија. Претседателот Салех не сака да поднесе оставка.

Прилогот можете да го погледате и како видео на денот!

Автор: Ања Кох/ Жана Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски