1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Со Гаук доаѓа нова ера на германската политичка сцена

Јоахим Гаук треба да избран за нов германски претседател на 18 март. Но дискусиите околу тоа, што може да се очекува од активистот и свештеник кога ќе стапи на функцијата, веќе се во полн ек.

default

Јоахим Гаук

„Ве молам не очекувајте Супермен“, изјави Јоахим Гаук на првата прес-конференција по номинацијата за шеф на државата. Оние кои го познаваат велат дека од него може да се очекува резервираност кога се во прашање дебатите за актуелни политички теми и прашања.

Новинарот Норберт Роберс, кој е автор на биографијата на Гаук, вели дека тој има прилично конзервативни гледишта. Токму неговата пракса да зазема конзервативни, па дури и помалку десни гледишта за одредени прашања, е тема на интернет уште од неговата номинација.

Едно нешто кое отскокнува во политичките гледишта на Гаук е неговата длабока благодарност за Запад на Германија за поддршката при повторното обединување во раните 90-те години. Како евангелистички свештеник во Источна Германија, Гаук сведочел на многу аспекти на страдањата на граѓаните во комунистичкиот систем.

Pressekonferenz im Bundeskanzleramt Bundespraesident

Во иднина двајца „источно-германци“ на чело на државата. Гаук и Меркел

Неговиот татко бил депортиран во работнички логор, каде останал долго време. Како шеф на службата која ги отвораше досиејата на Штази- тајната служба на екс Источна Германија, Гаук имаше можност и дополнително да се запознае со злосторствата на комунистичкиот режим.

Популизмот не му е карактеристика

Гаук има тенденција да размислува поинаку од мнозинството за политичките и социјалните прашања, а правењето генерализации не е негов стил. На пример, тој нема целосно негативно мислење за движењето „Окупирај го Волстрит“, но нивното барање за поддржавување на приватните банки го оценува како „бизарно“.

Исто така, Гаук позитивно реагираше на намалувањата во германската социјална програма, позната како „Агенда 2010“, која ја спроведе социјалдемократската влада на Герхард Шредер, нарекувајќи ја храбра и покрај жестоките протести на граѓаните.

Притоа, со релативна сигурност може да се прогнозира дека Гаук ќе се постави како заштитник на сите оние кои промовираат демократија ширум светот. Од него се очекува да понуди целосна поддршка за сите оние кои се залагаат за промоција на човековите права. Во тој аспект, тој ќе има голема поддршка и од актуелниот шеф на дипломатијата Гидо Вестервеле. Партијата на Вестервеле, ФДП отворено ја поддржа кандидатурата на Гаук, притоа ризикувајќи и отворен судир со поголемиот коалициски партнер, ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел.

Сепак, оние кои го познаваат Гаук велат дека идниот претседател ќе биде далеку посуптилен во својата поддршка.

„Гаук знае што се очекува од неговиот кабинет“, вели Роберс, објаснувајќи дека претседателската функција е далеку повеќе церемонијална отколку политички ориентирана. Пријателите на Гаук ја потенцираат неговата тенденција кон прагматизам и отвореност кон компромис.

Нова ера во политиката

Gerd Langguth

Герд Лангут

„Имајќи го предвид неговиот конзервативно-либерален поглед, не треба да се очекуваат големи критики од Гаук на сметка на канцеларката или владината политика“, оценува Герд Лангут, политички аналитичар.

Во секој случај, изборот на Гаук се очекува да доведе до промени на германската политичка сцена. Самиот факт што ФДП го поддржа Гаук без консултација со ЦДУ, според аналитичарот Лангут ќе ја наведе партијата на Меркел во иднина да си побара друг коалициски партнер.

Тоа може да се очекува веќе на парламентарните избори во 2013 година, а сигналите се веќе тука. Меркел неочекувано се откажа од користењето на нуклеарната енергија, што се толкува како приближување до партијата на Зелените, а донесе и закон за минимална плата што беше јасна отстапка кон опозициските социјалдемократи.

Во Германија, на повидок е нова ера во политичките односи.


Автор: Волфганг Дик/ Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска