1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Со воена парада Москва ја одбележува годишнината од победата

Со голема воена парада Русија ја слави победата над националсоцијалистите во Втората светска војна. На 68-та годишнина од крајот на војната, на Црвениот плоштад во Москва маршираа повеќе од 11.000 војници.

Пред очите на претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев не се презентираа само војниците. За време на едночасовната парада можеше да се види и тешка воена опрема со оклопни возила и ракети. Борбени авиони и хеликоптери го надлетуваа плоштадот во главниот град.

Пред се’ Советскиот сојуз беше тој кој ги спречи „грозните и крвави планови на нацистите“, рече Путин на церемонијата која беше пренесувана преку телевизија. „Нашите војници ја зачуваа слободата и независноста, со тоа што несебично ја бранеа нивната татковина“, дополни тој. На крајот на парадата Путин во Кремљ се сретна со околу 2000 ветерани.

Moskau Militärparade Feier zum Jahrestag Ende zweiter Weltkrieg

Воена парада во Москва

Околу 27 милиони советски граѓани го загубија животот за време на Втората светска војна. Тогашниот Советски сојуз претрпе тешки загуби како ниедна друга земја. Додека во повеќето други земји се слави 8. мај 1945 година како ден на капитулацијата на Германија, во Русија 9. мај се смета за Ден на победата.

Русија ја оживеа парадата во советски стил во 1995 година, откако во периодот по распадот на Советскиот сојуз не се одржуваше. Од 2008 година, за време на парадата повторно на Црвениот плоштад се изведуваат и оклопни возила.