1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Со видео набљудување - против терористичките напади

Во своето обраќање по летните одмори канцеларката Ангела Меркел најави дека Владата ќе ги преземе сите неоходни потези за зголемување на внатрешната и надворешната безбеднос на земјата

Ќе биде создадена и база на податоци за борба против тероризмот - најави канцеларката Ангела Меркел во Берлин

Ќе биде создадена и база на податоци за борба против тероризмот - најави канцеларката Ангела Меркел во Берлин

Заканите од тероризмот со кои последниве денови живее Германија, според канцеларката Ангела Меркел ја наметнуваат потребата од набљудување со виодео камери, како еден дополнителен елемент за зголемување на внатрешната безбедност.

“По настаните и искуството од Кил и планираните напади врз железницата, мора да ги повлечеме неопходните потези” - изјави на прес конференцијата во Берлин Меркел, кажувајќи дека станува збор за создавање база податоци за борба против тероризмот за која ќе се погрижи министерот за внатрешни работи, како и за зголемено видео наблудуивање.

Според Меркел, сигурнио никој нема да противречи дека видео наблудувањето не е значајна работа во нашата земја. Тоа помогна еден од двајцата подметнувачи на куферите-бомби, да бидат идентификувани и тоа е значаен чекор напред. Канцеларката освен тоа најави дека кога е во прашање надворешната безбедност на земјата, врз основа на искуствата од Кил, министерството за одбрана ќе изготви таканаречена “бела книга” за безбедносната и состојбата во армијата, како и за воено-политичките задачи. Во принцип станува збор за документ со кој за одредена проблематика се информира јавноста.Првпат ваква бела книга во Германија беше подготвена во 1969, а последен во 1994 година. И во давата случаи за материјата од сферата на одбраната на земјата.