1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Со бурек на турнеја

Las Balkanieras е женско музичко трио. Kритичарите пишуваат дека се вистинско освежување и ѕвезди во подем на музичката сцена. Посебното на трите девојки е што во музичкиот свет воведоа малку хумор од Балканот.

default

Бендот од Диселдорф

Las Balkanieras, односно Лa дона Босанчера, Балканијера Медитерановиќ и Мис Раша за Германците се интересни, но и помалку смешни кога ќе ги видат првпат на бината. Девојките на своите настапи честопати се облечени во народни носии, а публиката ја честат како вистински гости, со бурек и вотка од Русија. Со својата обработка на далматинската песна Чирибирибела минатата година ја воодушевија публиката на Сплитскиот фестивал и беа прогласени за најдобри дебитантки.

Како беше формиран бендот?

Las Balkanieras Band Düsseldorf Konzert Mülheim an der Ruhr

Концерт

Се’ започна случајно, пред околу две години во Диселдорф. Ива Дековиќ по потекло од Шибеник, односно Балканиерка Медитерановиќ во групата, раскажува: „Бевме во студио, малку се забавуваме, јадевме, пиевме се веселевме и одеднаш дојдовме на идеја, да направиме ремикс од балканските песни со новата музика. Значи хипхоп, соул, арендби, електро, техно... сите музички правци што ние младите ги слушаме,“ вели Медитерановиќ и признава дека сепак „кокетираат“ и со турбо фолкот.

Таа ноќ во студиото во Диселдорф, со храна, вотка и хумор трите девојки го основаа бендот. Набрзо потоа го снимија спотот за песната Чирибирибела и го објавија на Јутјуб. „Преку интернет реакциите беа огромни, по што ни се јави Даниела Дворник, сопругата на покојниот Дино Дворник, кралот на фанкот во бивша Југославија. Ни рече дека и‘ се допаѓа хуморот во песната. Потоа не‘ викнаа да учествуваме на Сплитскиот фестивал. ’Зезањето’ прерасна во нешто професионално,“ вели Медитерановиќ.

Las Balkanieras Band Düsseldorf Flash-Galerie

Лa дона Босанчера, Балканијера Медитерановиќ и Мис Раша

Успехот на балканската музика Мејд ин џермани, уште повеќе ги врза девојките за нивните корени. Маја Самарџиќ, алијас Ла дона Босанчера истакнува: „Што се однесува до музиката, фолклорот, нашата историја, тоа никогаш не го отфрлав, туку го прифатив и сакав да бидам она што сум.“

Las Balkanieras Band Düsseldorf

Las Balkanieras

Маја е дете на гастербајтери во Германија, но потекнува од Корча и Приједор. Корените на Ива се во Далмација и Војводина, а триото го дополнува Лидија Вајнштајн алијас Мис Раша со своите руско-украински корени. „Секогаш имав југословенски пријатели, што е и проклетство и благослов во исто време. Ние трите се запознавме преку музиката и храната“, вели Лидија.

Првиот албум на Las Balkanieras „Food, Love, Musik“ ќе биде објавен во Хрватска кон крајот на месецов. А сите оние кои сакаат да каснат малку бурек и руска водка, тоа можат да го сторат летово на „Бурек турнејата “ на беднот низ Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.

Автор: Марина Мартиновиќ/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска