1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Со бокс против насилство

Децата на мигрантите во Германија кои потекнуваат од кризни региони се посклони кон насилство. Со цел сузбивање на агресијата меѓу младите, фондацијата Лауреус го започна проектот „Со бокс против насилство“.

Фајез Ел Ахмад пораснал во предградието на Берлин познато како Нојкелн, населба која за многумина е синоним за криминал и насилство меѓу младите. Фајез е 14-годишен, со палестинско потекло, има осум сестри и браќа и неговиот татко добива социјална помош. Насилството на улиците за него е секојдневие:

„До тепачка доаѓа и само доколку луѓето се погледнат попреку, или кажале поинакво мислење за нешто“, вели Фајез.

Така веројатно би било и денес, доколку веќе две години не постои „Кик во ринг“, проект кој заедно го започнаа градските власти, полицијата и Покраинскиот сојуз за спорт. За Фајез Ел Ахмед тоа е шанса за спас:

„Голем агресивен потенцијал, во училиштата не се добри и добиваат внимание само со тепачки“, констатиран тренерот Томас Јансен.

Преку боксот тој учи од славни, како што е на пример поранешниот профи-боксер Аксел Шулц, како на здрав начин да се ослободи од агресијата.

„Многу е важно почитувањето на партнерот, на противникот, на сите луѓе. Бидејќи едноставно знаеш што можеш да сториш или да така да речам, како најдобро

Deutschland Sport Boxen Axel Schulz Laureus Botschafter

Аксел Шулц

можеш да ја искористиш својата сила“, вели Аксел Шулц.

Се работи за чесност, толеранција и правила, три пати неделно. Класична превенција од криминал.

„Од кога боксувам забележувам дека немам потреба да го искажувам бесот кон други луѓе, туку врз вреќата со песок или врз спаринг-партнерот“, вели Фајез Ел Ахмад.

Дополнително, Фајез посетува и терапија за да ги заузда своите агресивни тенденции, и според зборовите на неговиот тренер, се наоѓа на добар пат.