1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со Асад или без него?

Силвија Васерман/сн1 декември 2015

До 1.200 германски војници ќе се вклучат во меѓународните акции против Исламската држава, одлучи денеска владата во Берлин. Одлуката би требало да ја потврди и Бундестагот.

https://p.dw.com/p/1HFBe
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Wüstneck

Германската влада денеска донесе одлука за ангажман на Бундесверот во меѓународната коалиција против Исламската држава. Притоа ќе бидат ангажирани извидувачки и авиони за полнење гориво во воздух, како и една фрегата. Германскиот парламент, треба да гласа за владината одлука уште во текот на годинава

Воената помош од Германија, е уште еден знак на солидарност со Франција. Станува збор за ангажман на 1200 германски војници, кои ќе ги опслужуваат авионите кои ќе помагаат во полнење гориво во воздух или воздухопловите од типот Торнадо кои ќе собираат податоци со извидувачки летови.

Сепак и натаму е најасно каква улога во меѓународната алијанса против Исламската држава би требало да играат трупите на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

„Точно е дека мора да има некакво вклучување на Асад, конечно и тие трупи се портребни , ама како сето тоа ќе функционира во коалицијата, за сега е нејасно“, истакнува Томас Оперман, шеф на пратеничката група на Социјалдемократската партија во Бундестагот.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Германски Торнада наскоро над Сирија

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен, меѓутоа , на тоа гледа сосема поинаку. И тоа предизвикува поделби во владејачката коалиција.

„Нема да има никаква иднина со Асад. А истотака нема да има никаква соработка со единиците под команда на Асад“, вели министерката за одбрана на Германија од редовите на Христијанско-демократската унија

Опозицијата е скептична. Минатото покажа дека воен ангажман без единствена стратегија не води кон успех

„Се наоѓаме во ситуација во која воопшто не е јасно кој е пријател а кој непријател. Станува збор и за правно прашање бидејќи борбата против Исламска држава со воени средства досега нема мандат од Обединетите нации“, вели Јирген Тритин од Партијата на Зелените

Покрај воената помош, германската влада вложува напори и на политички план. таа со сите заинтересирани страни сака да разјасни каква улога во иднина ќе играат сирискиот претседател Асад и неговата војска.