1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Сојуз“-ракетата на старт

Од Бајконур во Русија денеска стартува нова ракета „Сојуз“, со тројца астронаути. Откако САД ја ставија во мирување Спејс шатл-програмата, ракетата „Сојуз“ е единственото транспортно средство до вселенската станица ИСС.

default

Андре Киперс е возбуден пред почетокот на истражувањата во бестежинска состојба. Со специјална капа ќе се мери неговата мозочна електрична активност за да се види како се менува восприемањето на просторот во вселената кога ќе ја нема гравитационата сила на Земјата.

„Се радувам што ќе бидам во бестежинска состојба и тоа подолго време. Сакам навистина да добијам чувство дека живеам таму. За прилагодување на бестежинска состојба е потребно време. Сега имам шанса за тоа“, вели астронаутот Киперс.

Europäisches ISS-Labor Columbus bereit zur Übergabe

Апаратите на ИСС мора да бидат одржувани

И шанса за комплетно да се разгледа вселенската станица. При првата посета на Киперс на ИСС во 2004 година, таа беше уште во изградба. Сега има 15 модули.

Тие мора да бидат одржувани. Андре Киперс за тоа е обучен - да одржува технички апарати и да го осигура преживувањето на луѓето.

Во една постројка во Келн Андре Киперс го тестираше и пристигнувањето на Европскиот транспортен вселенски брод АТВ. Се подготвуваше за сите можни проблеми кои можат да се случат.

Во март 2012 година Холанѓанецот ќе го надгледува автоматското укотвување и доколку е потребно ќе реагира за да се спречи судар со станицата.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Тим Шилинг / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска

Аудио и видео прилози на оваа тема