1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Сојуз“ полета кон Меѓународната вселенска станица

Трочлен тим составен од астронаути од Русија, САД и Јапонија се упати кон вселенската станица.

Рускиот вселенски брод „Сојуз" со тричлен руско-јапонско-американски екипаж во неделата рано наутро полета од космодромот Бајконур во Казахтан во мисија кон Меѓународната вселенска станица ИСС којашто ќе трае четири месеци.

Рускиот астронаут ветеран Јуриј Маленченко, астронаутката на американската агенција за вселенски истражувања NASA, Санита Вилијам и јапонскиот астронаут Акахико Хошида, треба во вторник на ИСС да им се придружат на инженерот на НАСА Џозеф Акаби и руските космонаути Генадиј Падалка и Сергеј Ревин.

Откако минатата година беше укината американската програма за лансирање на леталата шатл, САД за летови до ИСС зависи од Русија. Летот до Меѓународната вселенска станица ја чини секоја држава по 60 милиони долари по лице.

Русија се надева дека успехот на мисијата ќе ја подобри довербата во нејзината вселенска програма по низата неуспешни тестирања на нови типови носечки ракети минатата година, како и падот на сондата којашто собираше примероци од сателитот на Марс - Фобос.