1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Сојузот на центарот и левицата ја сочинува новата влада на Словенија

Само неколку дена по изгласаната недоверба на премиерот Јанез Јанша Словенија има нова Влада. Коалицијата на четири партии е предводена од 42-годишната Аленка Братушек.

Централно-левичарската политичарка беше овластена да ја формира новата влада по изгласаната недовреба на претходната. На коалицијата и’ припаѓа од неа раководената партија Позитивна Словенија, како и Партијата на пензионерите, Социјалдемократската партија и Граѓанската листа. Батушек така има обезбедено сигурно мнозинство. Нејзиниот сојуз има 49 од 90 места во парламентот.

Договорот за новата влада е потпишан вчеравечер и содржи 30 страници, а со него партиите се обврзаа да ја поддржат и ратификацијата на хрватскиот пристапен договор во ЕУ. Новата премиерка изјави дека политичката криза во Словенија е завршена вчера. Таа составот на новата влада треба до денска (14.03) вечер да го достави во словенечкиот парламент. Парламентот треба да гласа за новата влада во средината на идната недела.

„Успеавме да се усогласиме, нашите четири партии успеаја да најдат заеднички именител за доброто на луѓето во оваа земја“, рече по потпишувањето на договорот Аленка Братушек, која ќе биде првата словенечка премиерка од стекнувањето на независноста.

Во коалицискиот договор се нагласува потребата од смирување на политичката затегнатост во државата, деполитизација на кадровската политика, дијалог со граѓанското општество, поголема вклученост на јавноста во донесување на политичките одлуки за да се врати довербата на избирачите во државните институции.

Претходната влада на премиерот Јанез Јанша се распадна по 13 месеци од формирањето. Државната антикорупциска комисија го обвини конзервативниот владин шеф за непријавен имот од 210.000. Со недели на улиците во Љубљана се одржуваа демонстрации против политичката елита, на кои учествуваа околу 5.000 луѓе.