*
Вицеканцеларот на Германија Франц Минтеферинг извлече позитивен биланс од досегашната политика на пазарот на работна сила. Во говорот во парламентот тој нагласи дека иако не е постигната идеална состојба, нема причина да се очајува. Германската влада останува на политиката за поголем раст и повеќе работни места. Борбата против невработеноста е нејзина главна цел.