1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Социјални протести во Лондон и во Рим

Десетици илјади граѓани демонстираа против курсот на штедење на британскиот премиер. Тие се жалат на зголемена социјална неправедност. И граѓаните на Рим го изразија незадоволството со политиката на нивната влада.

Демонстрантите во Лондон носеа плакати со натписи „Без кратења“ и „Даночна праведност, а не даночни оази“. Мирните протести, на кои покрај синдикатите учествуваа и невработните млади, политичари од Левицата и анти-воени активисти беа насочени против кратењата на расходите во јавниот скетор. Со заштетите британската влада има намера да ги намали долговите, кои нараснаа на еден билион фунти. За 2013 година премиерот Дејвид Камерон најави натамошни кратења.

Шефот на Унисон, најголемиот британски синдикат во јавниот сектор, го обвини премиерот Камерон дека со кратењата стотици илјади вработени во јавнито сектор ќе станат невработени. Шефот на синдикалнот сојуз ТУЦ, Брендан Барбер протестите ги оцени како „силна порака, дека политиката на штедење е неуспех“. Владата го прави „многу тежок животот на милиони луѓе“. Причина за тоа биле „кртењата на платите за работниците додека богатите добиваат кратење на даноците“, изјави Барбер, кој се вбројува меѓу организаторите на протестниот марш. Протести се одржаа и во Белфаст и во Глазгов во Шкотска.

Протести и во Рим

И во главниот италијански град илјадници синдикалци излегоа на улиците за да протестираат против политиката на штедење на владата. На плоштадот Сан Џовани во Рим тие бараа да се води политика која ќе отвори работни места и ќе го поттикне порастот. Демонстрациите беа насочени пред се’ против владата на Марио Монти, која сака да ја извлече земјата од кризата со строг курс на штедење.

На демонстрациите во Рим повика најголемиот италијански синдикат. Претседателката на синдикатот Сузана Камусо во Рим изјави дека на улица повторно ќе излезат на 14 ноември, акциониот ден на европските синдикати. Претходно тие ќе дискутираат и со другите синдикати, дали на овој ден ќе се штрајкува како во Шпанија.