1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Социјалните мрежи - нов „Биг Брадер“?

Проектот, дали и како информациите од социјалните мрежи би можеле да придонесат за утврдување на кредитоспособноста на граѓаните предизвика дебата во Германија. Поборниците за заштита на податоците ја осудија идејата.

Германската институција која ја проверува кредитоспособноста на граѓаните (ШУФА) спроведува истражувачки веб проект, во кој меѓу другото се земени во предвид и контактите на членовите на Фејсбук, информира НДР Инфо. Целта е да се испитаат односите меѓу лицата и да се провери дали постојат врски со кредитоспособноста на потрошувачите.

Освен ова би можело да се спроведува и текстуална анализа, „за да се дознае актуелниот став на некоја личност“. Научниците исто така би можеле да испитуваат, како Шуфа преку сопствени Фејсбук - профили скриено би можела да ги дознае адресите, особено промена на адресите на други корисници.

Во визирот не е само Фејсбук

Logos der Online Communities Facebook Twitter und Xing

Шуфа под лупа сака да ги земе покрај Фејсбук и останатите мрежи како Ксинг и ЛинкедИн, потоа Твитер, пребарувачите Јасни, Гугл Стрит вју, каталози на соработниците на претпријатијата и каталогот на автори на Германската национална библиотека. Според весникот „Велт“ собирачите на податоци предвид ги имаат и дигиталните пазари, како на пример Имоскаут. НДР известува, дека со помош на т.н. Краоулинг технологии, кои ги употребуваат и пребарувачките машини како Гугл, би можеле да се соберат податоци, кои потоа би можеле да се поврзат со информациите на Шуфа за поединечни потрошувачи.

Шуфа тврди дека веб истражувачкиот проект стартуван на 5. јуни е од чисто научен карактер: Со проектот, во кој според информации на НДР, германската институција која ја проверува кредитоспособноста на граѓаните од Визбаден инвестира 200.000 евра, сакало да „се даде придонес за јавната дискусија за интернетот“, изјави портпаролот на Шуфа Андреас Леман.

Фирмата е на мислење дека информациите од социјалните мрежи во иднина ќе бидат релевантни за работата на една приватна институција за собирање податоци, која работи во економскиот сектор. Ова во Германија се одвива во легални рамки: „Тоа се податоци, кои се достапни до секој човек во светот“ дополни Леман. Портпаролот не сакаше да потврди дали на ваков начин добиените податоци во иднина Шуфа би ги кoристела за проверување на бонитетот на 66 милиони регистрирани граѓани.

Lebensmittel Müll Verbraucherministerin Ilse Aigner

Илзе Ајгнер

Проектот меѓутоа наиде на жестоки критики. Пријателствата преку Фејсбук не смеат да бидат пресудни за да се донесе одлука дали некој ќе добие договор за мобилен телефон или не, смета министерката за правда Сабине Лојтхојзер Шнаренбергер. Шуфа мора да покаже целосна транспарентност. Исто така и министерката за заштита на потрошувачите Илзе Ајгнер се заложи за брзо расветлување на околностите. „Шуфа не смее да биде ’Биг Брадер’ на стопанскиот живот“. Не би смеело да се допушти социјалните мрежи систематски да се прочешлуваат по сензибилни податоци, кои потоа би биле земени во предвид за проверување на бонитетот на клиентите.

Исто така и опозиционите партии во Бундестагот жестоко го критикуваа проектот. Шуфа очигледно следи противуставни цели, изјави политичарот на Зелените Константин фон Нотц и побара проектот веднаш да се сопре. Шефот на Пиратите Бернд Шлемер за весникот „Велт“ изјави: „Ако дури и полицијата не смее да води истрага преку Фејсбук, зошто треба тоа да го прави фирма надлежна за давање информации за финансиската состојба“. Шуфа би морала да докаже, зошто досегашнот начин на работење не е доволен, за да ја извршува својата задача.

Потрошувачите во Германија доаѓаат во контакт со Шуфа ако на пример бараат кредит или склучуваат договор за изнајмување- банката или изнајмувачот тогаш бараат информации од Шуфа. Со тоа тие дознаваат дали партнерот е солвентен или речиси банкротиран.