1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Социјалните мрежи - нова страст на „сребрените сурфери“

Интернетот одамна „го открија“ и постари луѓе. Сениорите, означувани и како „сребрени сурфери“, сега се’ повеќе се интересираат и за социјалните мрежи, како што покажа една годинашна студија на телевизиите АРД и ЦДФ.

default

Голем број пензионери до пред некоја година не знаеја да користат компјутери

Постарите луѓе во социјалните мрежи пред се’ гледаат можност за комуникација.

Клаус Шмолц одамна се откажа од стариот модем и за интернет користи систем ДСЛ (де-ес-ел), кој овозможува брз пренос на информации. Шмолц, 71-годишен пензионер, пишува мејлови, ги споредува цените на интернет, но има свој профил и на Фејсбук и води разговори преку Скајп. Лаптоп набави кога имаше 65 години; дотогаш немал поим за компјутери. Панзионираниот директор не бил со ништо принуден да се позанимава со новиот медиум, туку едноставно поаѓал од сопствениот интерес.

Senioren surfen im Internet

Преку Интернет постарите лица полесно комуницираат со своите блиски

„Си помислив, ако не фатиш чекор, ќе заостанеш, ќе загубиш контакт со твоите внуци и со младината, оти не зборуваш на нивен јазик“.

Повозрасните не сакаат да одат во „старо железо“

Клаус Шмолц, навистина, веќе е седокос, а и „си влече“ по некоја болка, но не сака да оди во „старо железо“. Верли, мора да го следи времето, оти тоа се промени. Тој веќе не може како порано да чека да се јави внукот и да праша кога би можел да намине, туку смета дека мора и самиот да биде активен - на пример, преку социјалните мрежи во интернет. Хенрик Шпек, професор по дигитални медиуми на универзитетот во Кајзерслаутерн, го потврдува таквиот тренд.

„Во меѓувреме тие речиси и немаат никаква друга шанса ако сакаат да комуницираат со своите деца и внуци, освен да ги користаат соодветните онлајн-медиуми“.

Младата генерација е се’ помобилна, вели научникот. Децата и внуците веќе не го минуваат целиот живот на едно место, ниту целиот работен век кај истиот работодавач.

„Единствен начин вистински и натаму да се одржува мрежа од пријатели е тоа да се одвива преку тие технички медиуми“, нагласува професорот Шпек.

Зголемено присуство на социјалните мрежи

Facebook-Nutzer am PC

Повозрасните фаќаат чекот со помладите и на социјалните мрежи

Сениорите во социјалните мрежи во Германија се уште се егзотика, но ги има се’ повеќе: лани околу 25 проценти од луѓе над 60 години користеа интернет, годинава, според најновата студија на телевизиите АРД и ЦДФ (а-ер-де и цет-де-еф) тоа го прават веќе речиси 35 проценти од сениорите. Таква стапка на пораст не е регистрирана во ниедна друга старосна група.

Уште од поодамна има социјални мрежи, кои специјално се грижат за потребите на постарите корисници, но тие се само умерено омилени кај сениорите.

„Според мое мислење тие платформи за сениори се подеднакво неатрактивни, колку и телефоните со посебно големи типки, оти никој не сака самиот да биде конфронтиран со теми како старост, болест или смрт.

Но, еден портал - Stayfriends.de (стејфрендс точка де-е) со години успева да привлече постари корисници. Тој портал се специјализира за пронаоѓање на некогашни соученици. Таму можат да се побараат луѓето со кои некогаш си бил во ист клас. Порталот има речиси 12 милиони корисници, од кои повеќе од два милиона се постари од 50 години. Кај таа старосна група последните години има најголем пораст, што не е случајно, вели Мишел Линденберг, раководител и еден од соосновачите на порталот:

Internetportal für ältere Menschen

Лани околу 25 проценти од луѓето во Германија, што се над 60 годишна возраст, користеле Интернет

„Тоа доаѓа од таму, што во интернет се обраќаме на Вие, што е инаку реткост, за така и на постарите луѓе јасно да им покажеме дека мислиме на нив, а не на некои, кои токму го завршуваат училиштето. Понатаму, битна е заштитата на податоците, кон кои се обидуваме да се однесуваме  посензибилно и помалку отворено“.

За пензионерот Клаус Шмолц интернетот со неговите социјални мрежи е благослов. Преку нив тој успеа по подолго време повторно да пронајде две свои деца - вонбрачни ќерки од една поранешна врска. Од обѕири спрема семејството тој ги прекинал контактите со нив, се’ додека Шмолц не се пријавил и востановил свој профил на некој интернет портал, на кој членови биле и неговите вонбрачни ќерки. Тие го пронашле и му пишале, тој им одговорил и малку подоцна повторно бил воспоставен контактот меѓу таткото и ќерките. Во меѓувреме дури и Барбара, сопругата на Клаус, има добар однос со нив. За виталниот пензионер се исполни еден животен сон.

„Чудесно е кога се сите деца заедно околу божиќната елка“.

Автор: Вернер Шмиц/ Зоран Јордановски

Редактор: Борис Георгиевски