1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Социјалните мрежи - важен дел од политичката кампања

Мит Ромни и Барак Обама без преседан го користеа интернетот во своите кампањи и постигнаа рекорд во употребата на социјалните медиуми. Присуството на социјалните мрежи влијае врз бројот на луѓе кои гласаат на избори.

Изборната кампања во САД постигна рекорд кога станува збор за социјалните медиуми. На пример, над 10 милиони твитови беа генерирани за време на првата телевизиска дебата и тоа за помалку од два часа. Овој настан го направи најкоментираниот настан на Твитер на сите времиња. Во 2008 имаше околу два милиони твитови на денот кога се случуваа изборите.

Четири години откако Барак Обама беше пофален за неговото успешно користење на социјалните медиуми во кампањата, интернет мрежите станаа еднакво важни и за напорите на Мит Ромни во битката за претседателската функција. Денес има десет пати повеќе Фејсбук корисници и пет пати повеќе Твитер профили отколку во 2008, додека половина од сите граѓаните на САД се регистрирани на Фејсбук.

2012 година може да се обележи како пресвртен момент - никогаш претходно претседателските кандидати на САД не се потпреа толку многу на интернетот за да комуницираат со гласачите.

Каде и да се свртиш

И Обама и Ромни се натпреваа во рекламирање на Јутјуб каналите, Тумблр блоговите, Твитер и Гугул+ страниците. Тие исто така ги користеа платформите кои ги таргетираат групите според специфичните интереси. Помошниците во кампањите објавуваа фотографии од кандидатите снимени на настани или, пак, со поддржувачите на мрежата за слики Инстаграм.

Првата дама Мишел Обама го користи популарниот сајт Пинтерест, вид на дигитална огласна табла, за да постира цитати од луѓе кои ја инспирираат. Исто така и сопругата на Мит Ромни го користи Пинтерест за да споделува секакви работи, вклучувајќи и рецепт за пита од тиква. Да не биде изоставен, и Барак Обама неодамна постираше листа со музика на платформата Спотифај, вклучувајќи песни со рок и соул мелодија, кои секако се патриотски.

USA Wahlen Präsident Barack Obama wiedergewählt Obama auf Twitter Facebook

Обама на Фејзбук и Твитер често објавува спонтани фотографии од работните ангажмани или, пак, од моментите со семејството

„(Маркетингот низ социјалните медиуми, н.з.) е поефективен отколку пуштањето исти телевизиски реклами на кои луѓето се навикнуваат“, вели Мајк Гисонди од Сошалбејкерс, компанија специјализирана за анализи од социјалните медиуми. Тој забележува дека, додека ТВ рекламите се скапи, „социјалните медиуми во основа се бесплатни. Исто така овие работи можете да ги анализирате, да ги прегледате, знаете какви се коментарите и знаете каков е фидбекот“.

Ефективен маркетинг

Не е тајна дека на статусите, кандидатите добиваат поддршка од своите следбеници. Во тензичната изборна кампања во САД еден обичен и краток статус може да предизвика лавина од онлајн дискусии, што оди во прилог на кандидатите.

„Имаме исто така помалку коњи и бајонети”, изјави низ смеа Обама за време на третата претседателска дебата како одговор на критиката на Ромни дека американската морнарица во моментов има помалку бродови отколку во 1916-та година. Делот од неговата изјава со коњите и бајонетите стана главна сензација на Твитер. Оваа фраза била објавена стотици илјади пати во рок од неколку минути. За кратко време, некој корисник креирал и блог на Тамблер со хумористична содржина и колаж од фотографии на оваа тематика со Мит Ромни. Не случајно се вели дека социјалните мрежи играат огромна улога во претседателските избори.

„Помагалата во кампањата на Обама излегуваат надвор од границите на поддршката”, вели Курд Книпфер, експерт за САД од Џон Кенеди институтот во Берлин. „Тие ги охрабруваат луѓето да се забавуваат и да праќаат линкови до своите пријатели. Не е се така спонтано како што некои луѓе сакаат да направат да верувате во тоа”, додава тој.

Screenshot Facebook Binders full of women Ordner voller Frauen

Мит Ромни има помалку фанови на Фејзбук од Барак Обама, но експертите коментираат дека тоа и е очекувано, бидејќи Обама е претседател

Но, дали големиот број на постови, твитови и блогови навистина има влијание во гласањето? Германската фирма за технологија САП на својата интернет страница објавила софтвер наречен „Интернет расположение”, наменето за мерење на степенот на интензитет на страста кај онлајн публиката. Резултатите од софтверот велат дека онлајн расположението било претежно настроено кон Обама, но голем број од приврзаниците на Ромни велат дека воопшто не учествувале во мерењето.

Не мора да значи дека интернет корисниците се и гласачко тело

И покрај сите анализи и истражувања, никој не може да предвиди колку луѓе би излегле да гласаат на некои избори и за кого ќе се одлучат да го дадат својот глас.

„Луѓето генерално преферираат да останат во контакт со тие кои се во истите нивни социјални кругови“, забележува Книпфер. „Тоа значи дека често го градат мислењето на заедничка основа”.

Но, учеството во социјалните мрежи може и да влијае врз бројот на луѓе кои ќе излезат на избори и ќе гласаат, покажува една американска студија која ја поддржале 61 милион Фејсбук корисници. Истражувачите тврдат дека голем број од луѓето излегуваат на гласање, ако прочитаат дека дел од нивните интернет пријатели веќе го сториле тоа, отколку што сами би покренале иницијатива да гласаат.