1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Социјалистите ја зацврстија позицијата во Венецуела

Човекот од доверба на венецуелскиот претседател Чавез, Диосдадо Кабељо, е реизбран за претседател на парламентот во Каракас. Сепак, уставниот конфликт во земјата со тоа не е решен.

Со реизборот, владејачките социјалисти ја зацврстија својата позиција за случај тешко болниот претседател Хуго Чавез да не се опорави од болеста. Доколку Чавез умре или биде прогласен за неспособен за извршување на функцијата, Кабељо (фото горе) би бил вршител на должност и би раководел како преоден претседател во земјата. Тој, според уставот, има за задача и да распише нови избори. Кабело пак, тоа го отфрла.

Барањето на опозицијата за нови избори го отфрла и вице-претседателот Николас Мадуро. Тој во петокот (04.01) изјави дека Чавез останува на функција, иако поради лекувањето во Куба не може да дојде на церемонијата на полагање заклетва, која беше планирана за 10 јануари.Уставот во ваков случај, според Мадуро, нуди „динамична флексибилност“. Таа на претседателот му дозволува привремено отсуство за период од 90 дена, кое може да се продолжи за уште 90 денови. „Формалноста“ на полагање заклетва би можела да биде извршена подоцна пред Врховниот суд во земјата, рече Мадуро.

Опозицијата смета дека Чавез, кој во Куба по четврти пат се оперираше од рак, не е способен за извршување на функцијата, што значи дека во земјата треба да бидат распишани избори во рок од 30 дена.