1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Социјалистите бараат да се прфати изборниот резултат во Франција

Во повеќе француски градови втора вечер по ред дојде до демонстрации, поради изборот на конзервативниот политичар Никола Саркози за претседател на Републиката. Партискиот шеф на социјлаисите Франсоа Холанде од своја страна повика веднаш да се престане со немирите. Во една демократија мора да се прифати изборниот резултата.

Инаку демонстрантите палеа автомобили и контејнери за отпад. Безбедносните сили се напаѓани со камења и шишиња. Само во Париз полицијата упаси 100 лица. Протести имаше и во Лијон, Лил, Тулуз, Нан и Рен.