Социјалдемократски сојуз на Македонија- СДСМ | Теми | DW | 11.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Социјалдемократски сојуз на Македонија- СДСМ

СДСМ е основана на 20 април 1991 година во Скопје, како наследник на Сојузот на комунистите на Македонија. Нејзин прв претседател е Бранко Црвенковски

Партијата го добива името СДСМ на 11 конгрес во април 1991 година. Дотогаш партијата се викала СКМ-ПДП (Сојуз на комунисти на Македонија- Партија за демократска преобразба) а ја предводел Петар Гошев. За прв претседател е избран Црвенковски кој останува на кормилото до 2004 година кога го наследува Владо Бучковски. Во 2006 година лидерската позиција ја презема Радмила Шекеринска. Црвенковски се враќа на функцијата во 2009 година, а конечно се повлекува во 2013 кога го заменува актуелниот партиски лидер Зоран Заев. Партијата ја предводи владата во периодите од 1992- 1998 година, 2002-2006 година, и 2017- година.

Покажи повеќе написи