1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Социјалдемократите ја загубија власта во Шведска

По десет години социјалдемократска влада – Шведска стои пред промена на власта. По пребројување на гласовите, граѓанскиот опозиционен сојуз на Фредерик Реинфелд е побединк на парламентарните избори. Досегашниот премиер Персон ја најави својата оставка. Тој застапуваше силана социјална држава додека сојузот на Реинфелд на изборите излезе со ветувања

Кандидатите: Фредерик Реинфелд и Горан Персон

Кандидатите: Фредерик Реинфелд и Горан Персон

Единството значи и силина, ова го докажаа и четирите граѓански партии, кои во наредните години ќе владеат во Швдска. Алијансата за Шведска се состои од христијано демократи, партија на центарот, либералите и конзерватицвите со Фредрик Реинфелд на врвот

Без неколкуте кратки прекини, социјалдемократите во Шведска владееа речиси 70 години. На земјата добро и оди, економијата е стабилна, буџетот изедначен, а бележи раст поголем од четири проценти. Но и покрај ова избирачите бараа промена. Имено и покрај високата конјуктура на владата не и успеа да отвори нови работни места. Победикот Реинфелд на своите приврзаници им порача „Славете во ново време, тоа го заслуживте. Но кога ќе се разбудиме, заедно со нашите пријатели, Алијансатата ќе ја преземеме одговорноста за нашата земја.“

Горан Персон кој десет години беше премиер на Шведска, изгледаше речиси дека е среќен што се повлекува од власта „Ви благодарам за Вашето пријателство, Вашата поддршка, Вашата солидарност. Благодарам за огромната топлина и симпатијата, која ми ја укажавте. Ве сакам и ние ја сакаме нашата партија.“

Партијата која нема да се предаде туку натаму ќе се бори. Најдоцна 2010 година социјалдемократите во Шведскаа сакаат да се вратат на власт но без Персон кој вчера не само што најави оставка на премиерската туку и на функцијата шеф на партијата. Неговиот наследник ќе се бира на вонрединиот партиски конгрес во март наредната година.