1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Софи Шол“ во конкуренција за Оскарот

Филмот за хероината на отпорот против нацистите во Германија е номиниран за категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Јулија Јенч во улогата на Софи Шол

Јулија Јенч во улогата на Софи Шол

Филмската драма „Софи Шол – последните денови“ на режисерот Марк Ротемунд е германски кандидат за номинација за Оскар во категоријата „Најдобар филм од неанглиското јазично подрачје“. Ова во Минхен го соопшти Џерман филм, претставништвото за странство на германската филмска бранша. Филмот раскажува за судбината на Софи Шол, борец на отпорот, ликвидирана од нацистите во 1943-та година. Оскарите ќе се доделуваат на 5-ти март во Холивуд.