1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Софија предлага нов договор за добрососедство со Скопје

Бугарија предлага Софија и Скопје да потпишат нов договор за добрососедство со кој би се промовирала поголема соработка во разни области, но и би се избегнал говорот на омраза меѓу двете земји.

default

Бугарија предложила нов предлог-договор за добрососедство кој им е испратен на разгледување на властите во Македонија, соопшти портпаролката на бугарското МНР, Весела Чернева во Софија.

Акцентите во договорот биле ставени врз зголемена соработка во областа на економијата, инфраструктурата, енергетските проекти, како и во борбата против организираниот криминал.

Во договорот има и дел со кој се предлага избегнување на говорот на омраза и за појасно поставување на добрососедските односи меѓу двете земји.

Декларацијата од 99-та основа и за новиот договор

Чернева соопшти дека предлог-договорот и‘ил испратен на македонската страна каде во моментов е на разгледување. Договорот кој го предлага официјална Софија се базира на декларацијата за добрососедство од 1999 година, прецизираше Чернева.

Во македонската Влада во Скопје денеска (09.03.2010)информации за договорот кој го предлага Софија.

Gorge Ivanov und Georgi Prvanov

Македонскиот и бугарскиот претседател Иванов и Прванов на официјалниот почеток на визната либерализација

Прашањето за нов договор за добрососедство го отвори бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на кусата посета на македонскиот премиер Никола Груевски на Софија во ноември минатата година. Тогаш Борисов изјави дека посакува декларацијата од 1999 година, да се зацврсти и со меморандум за добрососедство, по што Бугарија ќе продолжи да им дава поддршка на евроатлантските аспирации на Македонија.

Портпаролката Чернева изрази надеж и оти на претставник на бугарското министерство за надворешни работи ќе му биде дозволено да присуствува на претстојното продолжување на судскиот процес против бугарската државјанка Спаска Митрова во Македонија. „Не би сакале тој процес да биде исполитизиран“, рече Чернева, пренесува бугарската агенција БТА.

Автор: БГ/бта

Редактор: Александра Трајковска