1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Состојбата на Шумахер непроменета: стабилна, но критична

Здравствената состојба на Шумахер, една недела по тешката несреќа на скијање, и натаму е критична, соопшти неговата портпаролка Сабине Кем. На 8. јануари ќе биде објавен извештајот од истрагата за несреќата на Шумахер

Во соопштението на болницата во Гренобл, кое пред новинарите го прочита менаџерката на Шумахер, Сабине Кем, се вели дека „состојбата на светскиот првак и рекордер во Формула 1 се смета за стабилна и постојано се следи“. Но, лекарскиот тим истакнува дека и понатаму состојбата на Шумахер ја смета за критична. Во соопштението се додава дека „приватноста на пациентите налага да не се изнесуваат детали за третманот. “

Француското обвинителство пак во меѓувреме соопшти дека ќе поднесе извештај за истрагата во врска со инцидентот на поранешниот шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер кој веќе втора седмица е во кома, на прес-конференција в среда, 8-ми јануари.

Скијајќи се надвор од патеките во француското одморалиште Марибел, Шумахер на 29-ти декември падна и со главата удрил во карпи. Автомобилскиот ас кој на 3-ти јануари наполни 45 години, се наоѓа во болница во Гренобл во состојба на индуцирана кома.

Обвинителството на градот Албертил, во департмантот Савоја, соопшти дека прес-конференцијата ќе е одржи во градската палата на правдата в среда, 8-ми јануари, во 11 часот по локално време. Претходно беше објавено дека истрагата ги проучувам снимките направени со камерата којашто била поврзана со шлемот на Шумахер.