1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Состојбата на Блискиот исток добива загрижувачки димензии

Состојбата е алармантна пред се од хуманитарен аспект

Бејрут

Бејрут

Либанските власти веќе се соочени со недостаток од храна и медицински материјал. Либан денеска побара од Турција итна испорака на нафта. Со интензивирањето на израелското бомбардирање, пред се врз инфраструктурната мрежа се става под знак прашање дотурот на хуманитарната помош за населението. Неколкуте уништени мостови во северниот дел на Либан, ќе го отежнат транспортот со хуманитарна помош во насока кон Бејрут или јужниот дел на земјата. Најважните линии низ кои беше вршен дотур на помош во храна и медицински материјал се прекинати, вели Астрид Фон Гендерен Сторт од агенцијата на ОН за помош на бегалците. Еден конвој со осум камиони животни намирници е заглавен заради урнатите мостови.

Андреас Шварц е портпарол на акциониот сојуз „Германија помага„ . Во состав на оваа иницијатива се наоѓаат десет хуманитарни организации кои им помагаат на луѓето во Либан. Тој е претставник и на организацијата „Кер Дојчланд„ која со меѓународниот тим од четвртокот престојува во Бејрут. Шварц вели:

„ Мостовите кои се урнати се поставени на патото покрај брегот низ кој вчера поминавме од сириско либанската граница. Во овие моменти, значи во овие часови, очигледно веќе не е можно да се користи овој пат„

„Имам чувство дека во нарените денови може да се случи целосен колапс со снабдување на Либан. Бејрут не е целосно отсечен од светот но единствените патишта кои водат кон градот се опасни планински предели

Повеќе организации за помош во Либан во иднина ги очекуваат и други проблеми. Се стравува од избивање епидемија. Преставникот на УНИЦЕФ предупреди дека на населението на југот на земјата му се заканува епидемија, со оглед на недостатокот од вода, струја и гориво. Најголем страв владее од епидемија на дизентерија. Израел со бомбардирањето ја уништи патната инфраструктура и натера во бегство десетина илјади луѓе од јужен Либан. Дел од нив, најповеќе стари и сиромашни, сеуште се блокирани.