1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Состојбата кај албанскиот електорат е драматично напрегната

Серијата напади врз изборните штабови на Демократската унија за интеграција во тетовскиот регион доби драматичност со рафалите врз автомобилот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

default

Али Ахмети

Во тетовско село, Али Ахмети и неговата придружба вчера (12.05.08) се нападнати од вооружени лица за кои се тврди дека се симпатизери на ривалската, ДПА. Ахмети изјави дека тоа бил обид за атентат и политичка ликвидација и дека преживеал поради блиндираниот автомобил. „Ние ги знаеме сторителите или авторите на ова дело, но ги знаат и државните институции и претставниците на меѓународната заедница“, рече Ахмети.

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи повика на смирување на страстите и ги осуди нападите. Во ДПА се оценува дека настаните се смислено сценарио на Ахмети, како алиби за евентуалниот пораз на изборите.

Инцидентите ги осуди и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.