1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Состојбата во Октиси нормализирана

Претставници на Исламската Верска Заедница и на Македонската Православна Црква наредниот петок треба да одржат средба и да се договорат за изградбата на црквата во струшкото село Октиси, каде утрината имаше тензии.

Струшкото мувтиство, џамиските одбори и градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села треба да изнајдат решение и во петок да се договараат со архиепископот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, отец Зоран од Вевчанската парохија и членови од Црковниот одбор во Октиси за изградбата на црква во селото.

Ова беше договорено на денешната средба на претставници од двете верски заедници на која присуствуваа градоначалникот Села и г. Тимотеј. Средбата беше организирана со цел решавање на состојбата, во која денеска (25.08.)жителите од православна вероисповест во Октиси беа спречени од нивните сожители од муслиманска вероисповест во поставување камен-темелник на црква во селото. На средбата како што информира отец Зоран, г.Тимотеј им објаснил дека мисијата на црквата е да шири љубов.

„Ние градиме храм за изразување на верските чувства, дом за молитва, а не да провоцира, рече отец Зоран.

Тој појасни дека на местото каде што е предвидено да се гради црквата „Св. Димитрија“, постоел објект кој поради дотраеноста бил срушен.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека состојбата е нормализирана, поради што не е потребно натамошно присутво на полицијата.